fbpx

ЗОШТО ДА ОДБЕРЕТЕ ПАРОДОНТОЛОГ?

Пародонтолог е стоматолог кој специјализира во превенција, дијагностицирање и третман на пародонтaлната болест, како и во поставување на забни импланти.

Пародонтолозите добиваат сеопфатна обука во овие области, вклучително и стручно надоградување во текот на три дополнителни години, при што се запознаени со најновите техники и методи за дијагностицирање и третирање на пародонталната болест. Тие точно знаат да определат кој третман е соодветен за вашиот практичен случај. Пародонтолозите, исто така, се обучени да изведуваат козметички пародонтални процедури и се експерти во помагањето на реставративните стоматолози да го добијат најдобриот можен исход.

Пародонтолозите најчесто третираат проблематични пародонтални случаи, со тешка болест на непцата/гингивите или се со комплексна медицинска историја. Пародонтолозите нудат широк спектар на третмани, од нехирурушки до комплексни хируршки. Дополнително, пародонтолозите се специјално тренирани за ставање дентални импланти, нивно одржување и, најважно, за репарација на ткивата околу нив. Пародонтолозите се најдобро обучени во менаџментот на ткивата, така што во текот на хируршкиот третман или имплантирањето можат лесно да го модифицираат хируршкиот план, се разбира, доколку тоа е неопходно.

КОЈ ТРЕБА ДА ПОСЕТИ ПАРОДОНТОЛОГ?
Некои потреби на пациентот, кои се од пародонтолошка или имплантолошка природа, може да бидат менаџирани од страна на нивниот општ стоматолог. Меѓутоа, пациенти со средно и силно изразена пародонтална болест (стадиум II и III) или доста комплексни пародонтолошки и имплантолошки случаи најдобро ќе бидат менаџирани од пародонтолог. Некои примери за тоа вклучуваат:

Пациенти со средно и силно изразена пародонтална болест (стадиум II и III)
– каде длабочината при сондирање (познато како пародонтален џеб) е 6 мм или поголема
– каде губитокот на коска помеѓу корените е присутна (познато како фуркациска вмешаност)
– каде е присутно движење на заб/и

Пациенти со медицинска историја која ги става во ризични фактори на парадонтална болест
– со шеќерна болест или пушачи
– со проблеми во имуниот систем, посебно за време на заздравување
– со возраст над 65 години

Пациенти со рецесија на непцето/гингивата
– каде има повлечена гингива или оголени забни корени
– каде биотипот на гингивата е тенок или недостасува цврсто, розево ткиво кое го опкружува забот/ите
– кај ортодонтски пациенти, во пред и пост фаза, каде настанало повлекување на гингивата или со ризик фактор истата да се повлече

Пациенти за имплантирање
– каде се потребни импланти, посебно во естетската зона
– каде коската е поприлично оштетена и е потребно надоградба на коска пред имплантирање

Пациенти со „гингивална насмевка“
– каде е присутен феноменот на „кратки заби“ и е потребно продолжување на коронките поради естетика на насмевката
– каде е потребно ремоделирање на гингивата како пред-подготовка за апликација на коронки, мостови или ламинати

Дали се работи за пред-подготовка, за време на третман или пост-третман, пародонтологот е основата за профилакса, одржување и зачувување на целокупното Ваше орално здравје, состојбата на гингивите и, најважно, потпорниот елемет на забите. Советувајте се и едуцирајте се и најважно од се ОДБЕРЕТЕ ИСКУСЕН ПАРОДОНТОЛОГ!

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber