fbpx

Реставративна стоматологија

Модерните стоматолошки материјали во комбинација со знаењето и вештините на нашиот тим, ни овозможуваат да креираме прекрасни насмевки со едноставно менување на старите пломби со нови. Во ЕТЕРНАдент ги користиме последните генерации на реставративни материјали кои во исто време ни гарантираат висока естетика, транспарентност, природен изглед и издржливост на притисок и голема трајнст без попуштање на механичките особини на материјалот.

ПОРЦЕЛАНСКИ ИНЛЕИ И ОНЛЕИ

Порцеланските инлеи и онлеи се високо естетска алтернатива за композитните – бели пломби. Тие имаат многу висока отпорност на притисок и се одлично решение за бочни големи пломби. Инлеите и онлеите реставрираат големи оштетувања на тврдата забна супстанца особено во бочната регија кадешто џвакопритисокот е доста голем. За разлика од коронките, за инлеите не е потребно дополнително состругување на забот за да се постават, туку само се отстранува оштетениот дел.

Се изработуваат од порцелан, истиот материјал кој се користи за изработка на мостови и коронки, а бојата им е прилагодена на природната боја на вашите заби и изгледаат како нив. Најголемата разлика меѓу класичните бели пломби и инлеите/онлеите е што за вторите е потребен специјален компјутерски процес на изработка во забната техника кој им дава екстремна отпорност на притисок при џвакање и трајност, притоа постигнувајќи врвен естетски ефект.

КОМПОЗИТНИ ПЛОМБИ

Новите генерации композитни пломби имаат одлична стабилност на контракција, силна врска со забот и широка палета на бои, што претставуваше голем недостаток кај претходните.

Лекувањето на забите со кариес доживеа револуција откако се откриени композитните пломби кои кај народот се попознати и како “бели пломби”. Од нивното појавување на пазарот до денес се имаат развиено многу генерации композитни материјали. Секоја нова генерација ги подобрува своите карактеристики, со што всушност се зголемува “рокот на траење” на пломбата. Практично тоа значи дека не секоја “бела пломба”  автоматски е добра, но најновите нанокомпозитни пломби се покажаа како одлично долгорочно решение.

Подобрувањето на термичката стабилност на пломбите е клучна карактеристика, што му овозможува на овој материјал да ги издржи температурните разлики што при ишраната настапуваат во устата. Тие многукратно се повторуваат во текот на денот, а се во граници од минус пет до 55 Целзиусови степени, што е голема термичка амплитуда.

При овие циклуси композитните пломби се стегаат и отпуштаат (контрахираат и експандираат). Тоа предизвикува микродвижења кои со тек на време доведуваат до пукање на врската меѓу пломбата и забот. Исто така важна е стабилноста при полимеризирање односно зацврстување на пломбите со халогеното светло, при кое композитите исто така се контрахираат. Новите генерации “бели пломби” имаат одлична стабилност на контракција, што претставуваше голем недостаток кај претходните генерации.

Друга важна карактеристика на композитните пломби е употребата на квалитетно лепило, за трајно (долгорочно) врзување на пломбата за забот. – Од него многу зависи трајноста на пломбата, односно дали нејзините рабови ќе потемнат и таа ќе се одлепи и отпадне или долго ќе остане без промени, цврсто споена со забот.

Естетскиот момент е многу важен – затоа треба да се работи со композитни системи кои нудат најширока лепеза бои за задоволување на естетиката.

Тоа е особено важно при решавање на кариес на  предните заби и оние што се гледаат при насмевката, уште повеќе ако станува збор за заби со темни или ретки нијанси на бои.

Се препорачува по пет години, уште при првите знаци на попуштање, полнењата да се заменат со нови. Ако барем една контактна површина меѓу пломбата и забот е потемнета, или скршено е парче од пломбата или од забот, без разлика на симптомите, старата пломба треба да се смени со нова. Секогаш, кога на било кој начин за идентификација на кариес (хемиски, Ртг, ласерски и др.) истиот ќе се детектира меѓу пломбата и забот, најдобро е таа пломба веднаш да се смени.

Никогаш не треба да се чека пломбата да падне затоа што дотогаш, во настанатата микро пукнатина меѓу забот и пломбата настанува кариес, кој прогресивно го уништува остатокот од забот и прави макро пукнатина. Ова го ослабува yидот на забот и тој лесно може да се скрши.

– Друг ризик е можноста да заболат подлабоките забни ткива, на пример пулпата – “нервот” што може да даде големи дефекти и инфекција во коската околу коренот на забот. Притоа може, но не мора, да се јават силни болки. Справувањето со такви состојби бара пообемни и поскапи терапевтски интервенции. Понекогаш, за жал, единствено решение е вадење на забот.

Чистиот заб не може да заболи

За да се спречат болестите на забите треба да се прави редовна контрола на забите минимум еднаш годишно. Притоа пациентот добива детален преглед и професионална орална хигиена – темелно чистење на забите. Во оваа посета се прават и препораки што треба да се излекува или поправи.

– При тоа златното правило гласи: чист заб не може да заболи ниту од кариес ниту од пародонтопатија, а за тоа се потребни само правилни професионални инструкции

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber