fbpx

Проценка и терапија на бруксизам

Бруксизам е состојба во која ги стегате, стругате и чкртате забите. Може да биде преку или во сон.
И покрај тоа што шкрипењето може да се случи во секое време од денот, сепак најголем број луѓе шкрипат додека спијат. Вие можеби не сте ни свесни за тоа. Причината не е јасна, но најчесто е последица на стрес.

Често како последица на несвесно ноќно стегање и шкрипење со забите се јавуваат следниве штетни појави:

  • Поткршен емајл на забите,
  • Излижани, изабени забни површини,
  • Расклатени заби,
  • Скршени заби,
  • Ошететување на потпорното ткиво околу забите,
  • Оштетување и болки во виличниот зглоб

Доколку ништо не се преземе против оваа штетна навика, наречена бруксизам, таа може да доведе до проблем со виличните мускули и виличниот зглоб, па дури и до губиток на некои заби.
Најчести симптоми како последица на нетретиран бруксизам:

  • Болка и притисок во зглобот , особено наутро после будење како и за време на стресни периоди,
  • Чувствителност на забите,
  • Расклатување на забите,
  • Болка во увото,
  • Тапа главоболка,
  • Болка во вратот,
  • Крцкање во зглобот

Вашиот стоматолог ќе ја прегледа целата уста и ќе ви постави неколку прашања, а можно е да треба да се направат и неколку рентгенски снимки. Сето тоа е со цел да се потврди дали навистина шкрипите со забите. Овој преглед може да не наведе и на одговорот што ја создало вашата навика за стегање на забите.

Во зависност од причината, вашиот стоматолог може да Ви препорача еден од следниве тераписки пристапи:
Ноќни чувари

Се изработуваат од еден вид пластичен материјал индивидуално за секој пациент и совршено пасуваат на вашите заби. Ноќниот чувар ќе ви помогне да ги заштитите вашите заби од оштетувања како последица на шкрипењето. Вашиот стоматолог ќе ви даде инструкции за како правилно да го користите и да се грижите за неговата хигиена.

Корекција на загризот

Некогаш се случува горните заби нерамномерно да удираат во долниот низ на заби. Во тој случај со самата корекција на загризот ќе се отстрани и причината за стегање.

Редукција на стресот

Редукцијата на стресот може да го намали шкрипењето преку релаксација на виличните мускули. Вашиот стоматолог ќе ви предложи неколку начини за намалување на стресот.
Во некои случаи можно е лекарот да ви препорача лекови за релаксирање на мускулатурата кои исто така ќе го намалат стегањето на вилиците, а со тоа и шкрипењето на забите.

Отстранување на штетите настанати од бруксизмот

Коронките, мостовите и природните заби претрпуваат оштетувања како последица од шкрипењето. Разговарајте со Вашиот стоматолог за можниот третман.

Протетски Услуги

Коронки и Мостови
Коронките се навлаки кои се користат за целосно покривање на оштетениот заб.
Дознај повеќе
Фасети
Фасети се ултра тенки, порцелански лушпи кои се поставуваат на предната страна на забите.
Дознај повеќе
Протези
Протезите се протетско решение кога недостасуваат сите, или делумно сите заби во усната шуплина.
Дознај повеќе
Проценка и терапија на бруксизам
Бруксизам е орална навика кај која ги стегате, стругате и чкртате забите.
Дознај повеќе
Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber