fbpx

Гингивална и Парадонтална болест

Пародонтопатијата (пародонтална болест) е заболување на забно-потпорните ткива (пародонт) кое започнува со навидум „обично воспаление“ на непцата, често незабележано од пациентот (а за жал многу често и од терапевтите и доколку не се почне со навремена терапија, забите постепено ја губат потпората, се расклатуваат и на крај се вадат.
Пародонталната болест е застапена во 99% кај нашата популација и заедно со кариесот се причина бр.1 за губиток на забите.

Предупредувачки знаци за постоење на пародонтална болест се:
  • Црвена и отечена гингива (непца)
  • Гингива која лесно крвари
  • Постојан лош здив или вкус во усната шуплина
  • Траги од крв на четката за заби по четкање
  • Плукање на крв по четкање
  • Појава на гној меѓу забите и непцата

Прегледот на состојбата на забно-потпорните ткива (пародонт) е од суштинско значење за понатамошниот след на чекори кој ќе овозможи да ги зачувате вашите заби.
Пародонталниот преглед во ЕТЕРНА вклучува голем број на испитувања евидентирани со индекси кои ни помагаат прецизно да ја поставиме дијагнозата, одредиме прогнозата и понатамошниот третман. Раното откривање на знаците за болест резултира со поедноставна терапија и можност заболувањето целосно да се стави под контрола.
Третманот е целосно безболен за пациентот, а првите резултати обично се видливи по само неколку дена.
Во ЕТЕРНА посебно место зазема превенцијата на пародонталната болест, со специјално утврдени протоколи базирани на докази.
Превенцијата од пародонтална болест чини многу помалку отколку терапијата на истата, затоа направете нешто многу корисно за себе: јавете се во ЕТЕРНА за да закажете консултација и преглед за утврдување на Вашиот дентален и пародонтален статус.

Раните фази на пародонталната болест ефикасно се третираат со нехируршка пародонтална терапија. Ова вклучува отстранување на бактериски плак и забен камен, кои што се присутни на и под линијата на непцата.
Бидејќи бактериите можат цврсто да се прикачат на забните корени под линијат на гингивата/непцето, неопходно е и т.н. „длабоко чистење “со обработка на коренската површина.
Нашата пракса постигна голем прогрес во нехируршкот третман на пародонталните проблеми. Со примена на иновативни техники, ние сме во состојба да постигнеме пародонтално здравје на едноставен, неинвазивен и достапен начин.
Класичен конзервативен метод на третман со т.н. „длабоко чистење“ под гингива со обработка на пародонталниот џеб, кој вклучува и чистењето на коренските површини. Локални анестетици се користат за да ја обезболат областа и допринесат за поголема удобност на пациентот. Дебридманот на пародонталниот џеб е основен пристап за ефикасно лекување на болеста и овозможување на непцата и околните ткива да се лекуваат правилно. Оваа постапка ја претставува основата на нехируршката пародонтална терапија.
За некои пациенти, системски антибиотици или антимикробни агенси може да бидат пропишани да се земаат орално, за да помогнат во лекувањето на нивната пародонтална болест.

Ласерската терапија се користи за лекување и на умерена до напредната пародонтопатија и е една од позастапените апликации на ова технологија.
Моќните дентални ласери работат со различни бранови должини (Er:Yag, Nd:Yag, Diode) со кои овозможуваме максимално ефикасен третман на пародонталното заболување. Придобивките од користењето на ласерите за нехируршка пародонтална терапија вклучуваат :

  • минимално инвазивен пристап за чистење на коренот,
  • отстранување на калкулусот, детоксикација и убивање на пародонтални бактерии,
  • интервенирање и до тешко пристапни зони за разлика од конвенционалната терапија,
  • без болка или со минимална потреба од анестезија,
  • стерилност – самиот ласерски зрак го стерилизира ткивото врз кое работиме, ги уништува бактериите, а со тоа ни помага да ја отстраниме основната причина за инфекцијата,
  • побрзо заздравување на ткивото-ласерската светлина ги стимулира метаболните процеси во заболеното ткиво и овозможува побрзо зараснување во однос на конвенционалните методи за третман. Отсуството на бактерии во работното поле исто така придонесува за побрзо, непречено заздравување на ткивото,
  • без крварење-ласерот ни овозможува паралелно да вршиме и коагулација со што крварењето се сведува на минимум или воопшто да го нема.

Раните проблеми поврзани со пародонтопатијата може успешно да се лекуваат со нехируршката терапија. Но, поголем број од умерените до напредните случаи не можат да се решат без хируршки пристап до коренските површини и нивно чистење.
За многу луѓе, идејата за хирургија на непцата создава вознемиреност. Сепак, во ЕТЕРНА, можеме ефикасно да го лекуваме заболувањето со помалку инвазивен ласерски пародонтален третман, без потреба од скалпел или конци. Како резултат, пациентите доживуваат помалку непријатност и пократко време на закрепнување.

Стручниот тим во ЕТЕРНАдент предводен од проф. Ана Миновска успешно ги лекува и понапредните форми на пародонтална болест применувајќи:

  • Конвенционален механички пристап на третман и
  • Современа, со употреба на ласер т.н. ласер-асистирана хируршка терапија

Безбедната и ефективна употребата на Er: YAG ласерот во хируршиот третман на пародонтопатијата (заболувањата на забно-потпорните ткива) е потврдена и докажани се позитивните ефекти од неговата примена како на меките така и на тврдите ткива. Придобивките од овој третман се:

  • помалку крварење за време на постапката;
  • деконтаминација на хируршко место;
  • ласерот е бактерициден (нема неопходни антибиотици по операцијата);
  • удобен пост-оперативен исход;
  • помал оток и помала болка (студиите покажуваат дека ова може делумно да се должи на затворање на помали крвни садови, лимфни садови и изложени нервни завршетоци);
  • поефикасно чистење на коската;
  • пократко време на траење на хируршката процедура ;
  • нема вибрации на ротациони алатки;
  • удобност на пациентот;

Er: YAG ласерот остава коскена површина која е апсолутно чиста, со што се намалува можноста за секундарна инфекција.