fbpx

Eterna Dental Spa

НАСМЕВКА ОД СОНИШТАТА со Dental Spa пакет

ТИ ЗАСЛУЖУВАШ БЛЕСКАВА НАСМЕВКА
Направете го првиот чекор кон сјајна насмевка и закажете термин. Нашиот тим ќе се погрижи безболно да ви овозможи здрави и убави заби со промотивен попуст за Dental Spa пакетот и можност за плаќање на 12 рати.

  • Детален преглед на усна празнина со вклучен план на терапија
  • Дигитална РТГ дијагностика
  • Рана детекција на орален карцином / безболен преглед со специјална светлина
  • Улстрасонично чистење на забен камен
  • Професионално полирање / пескарење на забите
  • Ласерско ординациско белење до 12 нијанси

13.910 денари
5.900 денари

СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 12 РАТИ

Покрај редовната хигиена на устата и забите, постојат делови меѓу забите кои не толку ефикасно се четкаат. На тие места во период од повеќе месеци забниот плак се минерализира, станува цврста наслага на која има биофилм од бактерии. Таа цврста наслага, понекогаш невидлива на дневна светлина, треба да се отстрани со професионално чистење на забите. Тој третман се одвива во неколку протоколарни чекори а, тоа се: чистење на тврдите и меки наслаги со ултразвук, полирање на забните површини, пескарење на забите, испирање со орални дезинфициенси зависно од состојбата на забалото според одлуката на докторот – терапевт. Во оваа посета се прави и обука на пациентот за правилно одржување на орална хигиена, како и потенцирање на техниките соодветни за потребите токму на тој човек.

Оралниот карцином е заболување поради неконтролирано множење на малигни (канцерогени) клетки во усната празнина или орофаринксот.
Постои едноставен визуелен метод на испитување и за таа цел во ЕТЕРНА обезбедивме софистициран апарат за рана детекција со кој во краток едноставен преглед може да се утврди евентуалната преканцерозна или канцерозна лезија.
Идентификацијата на лезијата во рана фаза значително ги зголемува шансите за лекување на оваа болест.
Не заборавајте да се консултирате со Вашиот стоматолог за да закажете редовни прегледи.

Стоматолошкиот преглед, анализата и планот на терапијата се некомплетни и непоткрепени, без употребата на ДИГИТАЛНА РЕНТГЕН ДИЈАГНОСТИКА.
Во ЕТЕРНАдент ги користиме следните рентген апарати:

  • Интраорален сензор за мали ртг снимки
  • Рентген панорама– за дијагностицирање на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини.
  • Дигиталната рентгенографија, како врвна технологија која го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза и е исклучително важна при првиот преглед на пациентот; при протетско, ортодонтско и хируршко планирање; дијагностицирање на кариес; дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити, полуимпактирани или импактирани заби; пародонтологија; деформитети на вилиците; комплетен преглед на ТМЗ;

Професионалното белење  се врши под надзор на стоматолог и е главно базирано на карбамид пероксид или водороден пероксид. Може да се изведува во ординациски услови и да даде инстант резултат (и до 9 нијанси избелување во една посета) и е популарно наречено in office белење или ординациско белење. Процедурата во ЕТЕРНАдент трае околу час и половина. Тоа е систем кој гарантира БЕЗБЕДНОСТ, БРЗ РЕЗУЛТАТ И НУЛА ОСЕТЛИВОСТ !

Другиот тип на професионалното белење е домашното белење. За оваа техника се користат специјално изработени лажици за белење, индивидуално за секој пациент и професионални гелови за белење кои се со пониска концентрација од оние кои ги користиме за ординациското белење. За да постигнеме вистински побел ефект со овој систем потребна е малку поголема упорност и примена на овој систем неколку дена по ред.

ЕТЕРНАдент е центар за дентално здравје кој повеќе од 15 години ги следи трендовите на современата стоматологија, опремен со модерна опрема и високо обучен професионален тим кој нуди премиум услуги во областа на стоматологијата.

СЛИЧНИ УСЛУГИ
Естетска Стоматологија

Белење на забите
Дознај повеќе
Ласерско контурирање и депигментирање
Дознај повеќе
Порцелански инлеи и онлеи
Дознај повеќе
Алајнери
Дознај повеќе
Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber