fbpx

Дигитална РТГ дијагностика

Стоматолошкиот преглед, анализата и планот на терапијата се некомплетни и непоткрепени, без употребата на ДИГИТАЛНА РЕНТГЕН ДИЈАГНОСТИКА.

Во ЕТЕРНАдент ги користиме следните рентген апарати:

  • интраорален сензор за мали ртг снимки
  • Рентген панорама– за дијагностицирање на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини. Дигиталната рентгенографија, како врвна технологија која го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза и е исклучително важна при првиот преглед на пациентот; при протетско, ортодонтско и хируршко планирање; дијагностицирање на кариес; дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити, полуимпактирани или импактирани заби; пародонтологија; деформитети на вилиците; комплетен преглед на ТМЗ;
  • 3D CBCT – компјутерска томографија за длабинска анализа и планирање

Овие современи апарати овозможуваат висококвалитетни слики со техника на комбинирање и процесирање на снимките, и сите се поврзани со една компјутерска програма каде сите Ваши снимки се генерираат и чуваат. На овој начин се олеснува и пристапот на стоматологот од било кое работно место во клиниката, при увидот на вашиот картон, следење и менаџирање на сите интервенции направени кај вас.
Модерната апаратура е нераздвоен дел од современа стоматологија.
Таа останува еден од нашите приоритети..

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber