fbpx

Ортодонција

Целта на ортодонтските третмани во ЕТЕРНА, што подразбира употреба на протези, фиксатори на простор и алајнери-подредувачи, е да ги исправи и поддреди забите. Третманот често започнува во пред-тинејџерски или тинејџерски години, но и на возрасните може да им треба ортодонтски третман. Третманот може да асоцира на мачен и долг процес што трае неколку месеци или неколку години, но секако ќе ги реши важните проблеми.
Сигурно ќе бидете горди на вашата насмевка кога забите ќе бидат исправени и рамномерно распоредени. Гордоста со вашиот изглед ќе ви создаде поголема самодоверба и ќе ве поттикне да пробате нови работи. Ова може да биде особено важно за адолесцентите. Покрај тоа, луѓето често судат други врз основа на првите впечатоци. Насмевката што покажува исправени и убаво наредени заби е попривлечна и Многу важна бидејќи овозможува полесно и подобро орално здравје.
Нудиме: мобилни апаратчиња, фиксни протези со брикети од титаниум и керамика (естетски), поставени однапред или позади на забите (невидливи) и Invisalign систем (невидливи порамнувачи) протези кои се состојат од серија рачно изработени проѕирни пластични штитници.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber