fbpx

Зошто да одберете сеопфатна дентална грижа

Сеопфатната стоматологија го зема предвид пациентот во целина и никогаш не се фокусира само на забите.
При првата посета во ЕТЕРНА , Вашиот стоматолог, ќе се запознае со вашиот проблем, вашите желби и идеи.

Потоа темелно ќе ја провери вашата медицинска и стоматолошка историја, обрнувајќи внимание на актуелната здравствена состојба.

Анализата на денталниот статус се комплетира со РТГ снимка која се користи за испитување на други структури освен на забите, вклучувајќи ги вилиците, синусите и зглобовите за џвакање.

Секој заб и реставрација во Вашата уста ќе бидат темелно прегледани и нотирани во вашето досие.

Кај нас во ЕТЕРНАдент се изведуваат и најсложените пародонтални испитувања, прегледи на непцата, причините за појава на пародонтални џебови, рецесии (повлекувања на непцата) и крварење од непцата, загуба на коскената маса и мобилност (клатење) на забите како дел од целосното евидентирање на Вашиот дентален статус.

Вашиот стоматолог ќе го анализира и загризот, мускулите, лигаментите и виличниот зглоб и како тие се вклопуваат и работат заедно.

Потоа следи анализа на Вашата насмевка со т.н. “smile design” при што во анализата за студирање ќе ги земеме предвид Вашите заби, усните и лицето. Правиме фотографии, отпечатоци и модели од Вашето забало и проценка на оралната хигиена, според што и предлагаме соодветни начини и методи на понатамошно одржување.

По сеопфатните испитувања, во следниот закажан термин ќе ја добиете утврдената дијагноза и опциите за третман, со предностите и недостатоците од различните можности.

Секој пациент го избира планот за третман кој одговара на неговите потреби и можности. Заедно со Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе ја изберете соодветната стратегија за лекување и точниот распоред.

Третманот се изведува постепено и во фази, за да се дојде до очекуваната цел.

Севкупната естетска реконструкција треба да се изведува врз здрав пародонциум (непца и меки ткива) и во правилен загриз. Кога ќе одберете ваков пристап на сеопфатна стоматологија врз основа на нашите испитувања и надополнети со Вашата подготвеност да ја споделиме одговорноста, тогаш ќе Ви обезбедиме здрава уста и заби за цел живот.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber