fbpx

ETERNALAB е ексклузивна заботехничка лабораторија, опремена со најсовремена опрема, технологија и материјали, нуди докажано ниво на квалитет, лично прилагодливи конструкции и погодности на пациентот. Сместена во просториите на клиниката, таа ги нуди најдобрите стоматолошко-протетски решенија, контролирани и индивидуално адаптирани на едно место.

На своите пациенти нудиме целосен опсег на протетски решенија со највисок квалитет. Најголемата придобивка за пациентот е тоа што, за разлика од другите, ние можеме прецизно да го следиме прогресот на секој случај поединечно. Имаме комплетна контрола врз техниката, технолошкиот процес, материјалите и квалитетот. Ги употребуваме најдобрите материјали и во тесна соработка со стоматологот и пациентот можеме максимално да ги разбереме и имплементираме сите потреби и желби поврзани со случајот на кој работиме.

ETERNALAB ги користи сите најсовремени материјали и кон секој случај пристапува со максимално разбирање на докторот и потребите на пациентот, пред да препорачаме решение. За техничарите секој случај е посебен и има различни начини да се создаде најдобро решение за секој пациент. Комбинацијата на водечки технологии и нашите стручни техничари уверуваат дека резултатите што ги добивате ќе ги надминат вашите очекувања.

Нашите техничари се во постојана потрага по иновативни решенија за квалитетот и естетиката. Преку нашите постојани напори за подобрување, развивме вештини за создавање на најдобри порцелански коронки со цврстина и убавина на природен изглед.

ETERNALAB нуди целосен опсег на стоматолошки лабораториски изработки: протези, коронки и мостови, како врз заби, така и врз импланти. Нашата лабораторија има специјализирани техничари и за цирконија и за керамика. Нашата работа е целосно дигитализирана и компјутеризирана со најмодерна 3D PRINT и CAD/CAM технологија.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber