Парцијални протези
Парцијалните протези се препорачуваат кај пациенти кои имаат заби во поедини регии во устата, а не е можно да се направи фиксно решение и можат да бидат:
Класични акрилатни протези
Акрилатните протези се изработени целосно од акрилат кој може да биде цврст, флексибилен или пак да се изработени од комбинација на овие два вида акрилати.
Визил протези со метален скелет
Тие се тенки, грацилни и најмалку се чуствуваат во устата. Се прицврстуваат за преостанатите заби со помош на кукички или пак се дел од покомплексни протетски решенија кои вклучуваат и порцелански мостови или коронки, а со нив се поврзуваат преку посебни врски-атечмени кои се невидливи и овозможуваат цврсто лежење и одлична функција на протезите.
Тотални протези
Тоталните мобилни протези лежат врз беззаби гребени и стојат на принципот на вакуум кој протезата го формира со виличниот гребен, а видливиот дел го претставуваат забите во протезата. Тие, направени по приниципите на естетика и функција во мобилната протетика, изгледаат неприметно и природно.
Сепак, чувството на прекриеност на дел од усната лигавица со протези не е прифатливо за секого, па постојат можности површината на тоталните протези да се скрати, под услов да бидат прицврстени на 2 или 4 импланти.
Секоја протетска изработка, па и мобилните протези се изработуваат во фази и секоја работна фаза е извонредно важна за успешен краен резултат.