fbpx

Поставување на Коронки и Мостови

КОРОНКИТЕ се користат за целосно покривање на оштетениот заб. Покрај зајакнувањето на оштетените заби, коронките може да се користат со цел да се подобри изгледот, форма или големина на забалото. Коронките, исто така, можат да бидат поставени над имплантот , за да се обезбеди формата на забот и функцијата во иднина. Порцеланските или керамички коронки можат идеално да ја имитираат бојата на вашите природни заби.

Коронка од порцелан врз метален скелет често се користи поради тоа што има цврстина и делува естетски. За повисока естетика на насмевката ние обично ги препорачуваме коронките изработени целосно од порцелан, кои најблиску го доловуваат изгледот на Вашите природни заби.
Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент може да препорача изработка на коронка ако:

  • е потребно да се заменат изработки со големи пополнувања (големи пломби)
  • да се заштитат слабите заби од фрактура
  • ако веќе постои фрактура на забот
    недостасуваат заби, па преостанатите се врзуваат во мост
  • над дентален имплант
  • заштита по третман на коренските канали

Мостовите често пати се користат за да се замени еден или повеќе заби кои недостасуваат. Мостовите конструкции се фиксираат за природните заби или имплантите и го пополнуваат празниот простор помеѓу нив. Овие заби и/или импланти се означуваат како абатменти или носачи на мостовата конструкција и служат како сидро за мостот. А забите кои недостасуваат се заменуваат со вештачки изработки кои наликуваат на загубениот заб, кој дел се нарекува “тело” на мостот. Како и кај коронките, може да се избира материјалот од кој ќе се изработи мостот. Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент може да ви помогне да се одлучите кој вид на коронка/мост да го изберете, земајќи ги предвид локацијата на загубениот заб/и, неговата функција, естетските потреби и цената. Порцеланските мостови може да се исти со бојата на вашите природни заби.

Пред да можат да се направат планираната коронка или мост, забот/забите мора да се препарираат (намалат во големината), така што коронката или мостот правилно ќе се вклопат во забниот низ. По намалување на заб/ите, Вашиот стоматолог ќе земе отпечаток од новата состојба на забалото за да се обезбеди точен негатив врз кој ќе се изработи коронката односно мостот. Кај најновите типови на порцелан, можеме да ја одбереме точната нијанса од посакуваната боја, па дури и комбинацијата на повеќе бои за што ќе Ви помогне Вашиот стоматолог.
Врз база на овој отпечаток, во дентална лабораторија се изработува Вашата коронка/мост. Привремена коронка или мост се поставува врз препарираните (намалени) заби кои се подготвуваат за фиксната конструкција, со што истите ќе се заштитат, а Вие во периодот додека се изработуваат дефинитивните коронки/мостови ќе можете без проблем да јадете, џвакате и да се смеете. Кога дефинитвната коронка/мост е изработена, привремената коронка/мост се отстранува, а новата коронка/мост се цементира врз Вашите подготвени заби.

Одредување на тоа колку долго ќе траат коронките е тешко да се прецизира. Факторите на долговечноста вклучуваат:

  • Материјалот (порцеланска коронка врз метален скелет, порцелан фузиониран кон неметална основа и целосно порцеланска коронка)
  • Локацијата (преден заб наспроти заб од бочната регија)
  • Колку од забната супстанца е останата по препарацијата за коронка
  • Оклузалните сили
  • Хигиенските навики

За да го продолжите времетраењето на Вашите коронки/мостови, посоветувајте се со Вашиот стоматолог од ЕТЕРНАдент, кој ќе Ве упати како вистински да се грижите за нив.

Протетски Услуги

Коронки и Мостови
Коронките се навлаки кои се користат за целосно покривање на оштетениот заб.
Дознај повеќе
Фасети
Фасети се ултра тенки, порцелански лушпи кои се поставуваат на предната страна на забите.
Дознај повеќе
Протези
Протезите се протетско решение кога недостасуваат сите, или делумно сите заби во усната шуплина.
Дознај повеќе
Проценка и терапија на бруксизам
Бруксизам е орална навика кај која ги стегате, стругате и чкртате забите.
Дознај повеќе
Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber