Порцелански Фасети
Тоа се ултра тенки, порцелански лушпи кои се поставуваат на предната, видлива страна од забите со цел да корегираме форма, боја или поставеност на забот во низата.
Со нив се добива највисока можна естетика со минимална интервенција. Се изработуваат за 2 до 3 дена, а во само две посети се добива перфектна насмевка. Зависно од позицијата и големината на природните заби – порцеланските фасети можат да бидат со дебелина од 0.2мм – 1 мм. Позицијата на природните заби ни одредува дали за порцеланските фасети ќе биде потребно минимално или воопшто никакво состругување на забите.
Пред да преминеме на дизајн на вашата нова насмевка, истата ја планираме на модел во восок (wax up) и ја пресликуваме на вашите заби ( mock up) со цел да добиете претстава како ќе изгледаат крајните фасети во вашата уста. Со овие пробни фасети, правиме фотографии, а вие може да заминете дома и да ги носите до крајот на денот. Потоа лесно можете да бидете сигурни пред да донесете одлука за естетската корекција.
Како изгледа целата постапка? Постапката за поставување фасети вклучува две до три посети. Вашиот стоматолог ке ви прикаже низа на „пред и потоа“ фотографии за да ви ги доближи можните резултати од оваа процедура.
После темелната анализа, направените студио модели, фотографии и дискусија со пациентот околу неговите очекувања и желби за корекција на изгледот на забите, следува првата фаза. Оваа посета е најдолга и претставува подготовка на забите за фасети, со минимално одземање на дел од тврдата забна супстанца (предната површина на забите) и отпечатување на состојбата со специјални високо прецизни силиконски маси за отпечатување. Веднаш се поставуваат привремени фасетки со кои пациентот излегува од ординација без потреба било кој да забележи дека минува низ процес на средување на предните заби. Со заштитните фасетки можете нормално функционирате во меѓувреме, тие имаат природен изглед и ја спречуваат осетливоста на забите. Најчесто втората посета е и последна, кога готовите фасетки ги цементираме врз забите и го адаптираме во функција и загриз. Во ЕТЕРНАдент следиме специјален протокол за цементирање со кој ги заштитуваме забите под фасетите и постигнуваме траен успех и естетика. Понекогаш кога имаме поголема трансформација како предизвик, на фасетите им е потребна корекција, можно е да има потреба од трета посета кога ги добиваме назад со дефинитивните корекции. Високата естетика и прецизност бараат темелно вложување од целиот тим и времето на изработката на фасетите најчесто трае 7-10 дена.
Порцеланските фасети доколку немаат соодветно пасување врз природните заби после кратко време резултираат со неатрактивна насмевка и заболени, зацрвенети и воспалени непца.
Композитни Фасети
Во желбата да излеземе во пресрет на барањата на пациентот за висока естетика, без да се преоптовари неговиот буџет, во некои случаи имаме можност помали корекции на забите да изведеме со таканаречените композитни фасети. И оваа процедура се работи по посебен протокол кој овозможува трајност и висока естетика на фасетите, без воопшто состругување на осетливата забна супстанца. Успешниот резултат го добиваме кај случаи кои се индицирани за ваква реконструкција. Тука имате можност да погледнете неколку случаи решени со оваа метода.