fbpx

Орално здравје и дентална хигиена

Оралното здравје е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитет на живот. Опфаќа низа болести и состојби кои вклучуваат забен кариес, пародонтална болест, губење на забите, орален карцином, орални манифестации на ХИВ инфекција, оро-дентална траума и вродени дефекти, како што се расцеп на усна и непце. Според студија на WHO од 2017 година, се проценува дека оралните болести погодуваат 3,5 милијарди луѓе ширум светот. Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, ракот на усната и усната шуплина се меѓу првите 15 најчести видови на рак во светот, со речиси 180.000 смртни случаи секоја година.
Повеќето орални болести и состојби вклучуваат и модифицирани фактори на ризик со водечките незаразни болести (кардиоваскуларни заболувања, рак, хронични респираторни заболувања и дијабетес). Овие фактори на ризик вклучуваат употреба на тутун, консумирање алкохол и нездрава исхрана богата со шеќери. Постои докажана врска помеѓу оралното и општото здравје. Регистрирано е дека дијабетесот е поврзан со развојот и прогресијата на пародонталните болести. Покрај тоа, постои причинско-последична врска помеѓу големата потрошувачка на шеќери и дијабетесот, дебелината и забниот кариес.
Затоа препорачуваме редовни прегледи со кои ќе го одржувате Вашето орално и општо здравје во одлична кондиција.

Тие секогаш вклучуваат:

Покрај редовната хигиена на устата и забите, постојат делови меѓу забите кои не толку ефикасно се четкаат. На тие места во период од повеќе месеци забниот плак се минерализира, станува цврста наслага на која има биофилм од бактерии. Таа цврста наслага, понекогаш невидлива на дневна светлина, треба да се отстрани со професионално чистење на забите. Тој третман се одвива во неколку протоколарни чекори а, тоа се: чистење на тврдите и меки наслаги со ултразвук, полирање на забните површини, пескарење на забите, испирање со орални дезинфициенси зависно од состојбата на забалото според одлуката на докторот – терапевт. Во оваа посета се прави и обука на пациентот за правилно одржување на орална хигиена, како и потенцирање на техниките соодветни за потребите токму на тој човек.

Откако пародонталната болест ќе се излекува и ќе се доведе во фаза на одржување на пародонтално здравје, пациентот треба да биде добро обучен и доследен во секојдневното одржување на својата орална хигиена, вклучувајќи додатни елементи. Тоа се: секојдневно користење на интердентални четкичи, забен конец, автоматски промивачи на меѓузабните простори или испирање на устата со соодветни антибактериски препарати по совет на стоматологот во ЕТЕРНАдент.
Втор многу важен сегмент е дека треба да го следи ритамот на редовни пародонтолошки чистења на забите, препорачани од неговиот стоматолог во ЕТЕРНАдент. Тие третмани, кај пациенти со пародонтопатија понекогаш се 2 до 6 пати во годината, зависно од состојбата на болеста.
Ниту една реставрација (“пломба”, “коронка”, “фасета”) или вграден имплант нема да бидат долгорочно успешни во усна празнина со заболени непца и забно-потпорен апарат.
Затоа е важно секојдневно правилно одржување на забите и чести и редовни професионални чистења на забите.
Само со исплонување на овие два услова, хронична и прогресивна болест како што е пардоноталната болест, може да се спречи.

Имплантите се замена за коренот на забот кој бил изваден. Тие се всушност носачи на коронка, мост или протеза зависно од состојбата која се лекува. Иако се од титаниум и се заштитени со коска и гингива врз нив, во услови на лоша орална хигиена, можат да почнат да ја губат својата потпора од околна гингива и коска. Затоа односот кон имплантите и протетските изработки носени од импланти, мора да биде еднакво сериозен како и кон сопствените заби. Секојдневното чистење на забите и држење на протетските изработки врз импланти совршено чисти, овозможува имплантите да бидат трајно решение за изгубените заби. Ритамот на професионални чистења и контроли не треба да бидат поретки од 2 пати годишно, што е и златен стандард за правилна орална хигиена.
Само сеопфатност во работата, може да даде долгорочни разултати и изработки носени од импланти без проблеми, што е наша цел и наше досегашно искуство.

Протетските изработки ја враќаат функцијата и естетиката на забалото во целина но, тие се внесуваат во устата и стануваат дел од еден нов биолошки систем. Тие, во устата на пациентот, се наоѓаат во истите услови како и природните заби и се изложени на истите биолошки фактори, па затоа нивната хигиена е особено важна за здравјето на забите – носачи на тие протетски изработки и за околната гингива. Со други зборови, секој мост, коронка, фасета или протеза во устата, при професионалното чистење на забите се чисти, а неговата состојба на хигиена се евалуира.
Свесноста за сопственото орално здравје започнува со правилна орална хигиена.

Деталниот преглед ни ги покажува параметрите за орална хигиена за тоа колку пациентите се обучени и ефикасни во тоа. Во текот на третманот на професионално чистење на забите, е да им укажеме на луѓето во кои зони од устата треба или можат да бидат подобри во одржувањето на своите заби, како да користат забен конец едноставно и ефикасно, кога треба да користат интердентална четка, а кога не треба, да им се укаже на постоењето на четкички за чистење на брикети при фиксните ортодонтски протези и да им демонстрираме како правилно да ги користат.
Чистиот заб не може да се разболи.

Оралниот карцином е заболување поради неконтролирано множење на малигни (канцерогени) клетки во усната празнина или орофаринксот.
Постои едноставен визуелен метод на испитување и за таа цел во ЕТЕРНА обезбедивме софистициран апарат за рана детекција со кој во краток едноставен преглед може да се утврди евентуалната преканцерозна или канцерозна лезија.
Идентификацијата на лезијата во рана фаза значително ги зголемува шансите за лекување на оваа болест.
Не заборавајте да се консултирате со Вашиот стоматолог за да закажете редовни прегледи.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber