fbpx

Орална хирургија

Оралната хирургија е најстарата гранка во стоматологијата. Екстракцијата на забите е најчеста орална хируршка процедура, а за жал се уште неопходна, дури и денес. Првите практичари на стоматологија најчесто само ваделе заби. За среќа, со тек на времето, стоматологијата се развила во сосема друга насока, доминантно како превентивна, реставративна и реконструктивна.
Оралната хирургија денес е посебна гранка на стоматологијата која, покрај екстракција на забите, вклучува голем број на постапки за корекција на неповолни анатомски структури во усната празнина, како што се: траума на забите и вилицата, естетски несовршености и дефекти во областа на вилицата, ортодонтски процедури, третмани на коренските канали, имплантатологија во однос на реконструкции на коскеното ткиво и синуси со цел да се создаде доволен простор за поставување импланти и функционални нарушувања на системот за џвакање.
Сите орални хируршки процедури кои се изведуваат во ЕТЕРНА, како и другите стоматолошки интервенции, се вршат во апсолутно стерилни услови, со употреба на стерилни инструменти и се целосно безболни, заради употреба на локална анестезија и користење на напредни технологии како ПИЕЗО и ЛАСЕР.
Најчести орално-хируршки интервенции се: вградување на импланти, вадење на импактирани (“заглавени“) заби – најчесто умници, апикотомии, цистектомии, претпротетска хирургија, френулектомии и друго.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber