fbpx

Ласерска стоматологија

Употребата на најновата ласерска технологија овозможува многу иновативни методи на лекување во стоматологијата. Ласерите можат ефикасно да се користат за различни болест вклучувајќи третман на коренски канали, како и проблеми со пародонтот, белење на забите и третман на чувствителни заби.

Ласерската светлина може многу прецизно да го отстрани кариесот, без познатиот звук и вибрации на стандардните ротаторни инструменти. За повеќето луѓе, овој третман е речиси безболен.

Премногу чувствителните заби реагираат на студ и топлина, слатко и кисело. Честа причина за ова е оголениот забен врат, лошите коронки или премногу тенкиот емајлен слој, така што стимулансите лесно стигнуваат до нервите и предизвикуваат болка.

Мекото ткиво може да се отстрани со ласер без речиси никакво крварење, бидејќи ласерот истовремено ги затвора исечените места. Тогаш, зашивањето на раните е често непотребно, а антиинфламаторното дејство на ласерот истовремено го забрзува заздравувањето.

Френулектомија е отстранување на ткивна ресичка (дупликатура од слузокожа).

Постојат неколку френулуми за кои се изведуваат посебни типови на френулектомија:

  • Лингвална френулектомија (на јазикот), како третман за анкилоглосија,
  • Лабијална френулектомија (на усна) е многу честа кај пациенти кои се подготвуваат за изработка на протези, со цел да се добие поголема површина како лежиште за протезите; или кај пациенти кои имаат ниско поставено или задебелено ткиво во делот на горната усна и предизвикува рецесија на непцата (нивно соголување) или формира дијастема помеѓу предните заби означени како централни секачи.

Некои пациенти се смеат со таканаречена висока насмевка или ”gummy smile”. Притоа откриваат голем дел од непцата и тоа ја нарушува естетиката на насмевката. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи во ЕТЕРНАдент го користиме Er:Yag ласерот ( Syneron lite touch) кој ни овозможува безболно да ја воспоставиме симетријата на таканаречената розево-бела естетика.  Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура, најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење. Ласерот е супер прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата.

Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во непцата и тие изгледаат модрикаво потемни. Кај оние луќе кои се смеат со откривање на непцата (висока насмевка) тоа изгледа прилично неестестки.

Моќниот Er:Yag laser ни овозможува да ги отстраниме овие пигментации брзо и безболно во само една посета.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber