Имплантологија
Имплант е вештачки корен.
Доколку сте загрижени заради тоа што ви недостасува некој заб, доколку носите протези („вилици“) кои не се удобни или немате доволно заби за да се постави фиксен мост, зборувајте со вашиот стоматолог за опцијата импланти.
Денталните импланти се современ и ефикасен начин да се надополнат забите кои недостасуваат и се дизајнирани така да ги имитираат вистинските заби. Тие се одлично долгорочно решение за реставрирање на вашата насмевка. Всушност развојот и употребата на имплантите е една од најголемите придобивки во стоматологијата во последите 40 години. Материјалите од кои се изработени импантите се главно базирани на титаниум и се сосема биокомпатибилни. Имплантите во суштина претставуваат анкери / колчиња кои се поставуваат во коската и претставуваат замена за забниот корен.
Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, стабилни и добра замена за нивните заби. Генарално постојат три фази на добивањето имплант:
Доколку сте заинтересирани за импланти, добра идеја е да разговарате со вашиот доктор темелно за индивидуалниот план на терапија за вашиот случај. Ако сте во добро општо здравје имплантите се одлична опција за надоместување на изгубените заби. Пред да бидете закажани за имплант ќе поминете неколку средби на планирање и евалуација на состојбата со вашиот доктор.
Хроничните болести, како дијабетес, леукемија можат да го попречат успешното зараснување на имплантот во коската. Пушачите, исто така не се добри кандидати за импланти. Употребата на тутун го успорува зараснувањето на коската околу имплантот.