Порцелански инлеи и онлеи
Порцеланските инлеи и онлеи се високо естетска алтернатива за композитните – бели пломби. Тие имаат многу висока отпорност на притисок и се одлично решение за бочни големи пломби. Инлеите и онлеите реставрираат големи оштетувања на тврдата забна супстанца особено во бочната регија кадешто џвакопритисокот е доста голем. За разлика од коронките, за инлеите не е потребно дополнително состругување на забот за да се постават, туку само се отстранува оштетениот дел.
Се изработуваат од порцелан, истиот материјал кој се користи за изработка на мостови и коронки, а бојата им е прилагодена на природната боја на вашите заби и изгледаат како нив. Најголемата разлика меѓу класичните бели пломби и инлеите/онлеите е што за вторите е потребен специјален компјутерски процес на изработка во забната техника кој им дава екстремна отпорност на притисок при џвакање и трајност, притоа постигнувајќи врвен естетски ефект.
