Порцелански фасети
Порцеланските фасети се тенки, но цврсти рачно изработени порцелански лушпи кои се цементираат на предната страна на забите со цел да креираат прекрасна насмевка.
Вашиот естетски стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе направи темелна анализа и мерењена лицевата и виличната симетрија пред да ги дизајнира вашите фасети. Детално ќе поразговара со вас за вашата перцепција за идеална насмевка и тогаш ќе ја реализира со помош на тимот.
Вашите нови фасети треба да се вклопуваат во целокупната лицева естетика, давајќи природен изглед и постигнувајќи израмнување на забниот лак. Сите пациенти после оваа процедура изјавуваат дека нивната самодоверба е драматично поголема како резултат на убавата насмевка.
Како изгледа целата постапка? Постапката за поставување фасети вклучува две до три посети.
Вашиот стоматолог ќе ви прикаже низа на „пред и потоа“ фотографии за да ви ги доближи можните резултати од оваа процедура.
После темелната анализа, направените студио модели, фотографии и дискусија со пациентот околу неговите очекувања и желби за корекција на изгледот на забите, следува првата фаза. Оваа посета е најдолга и претставува подготовка на забите за фасети, со минимално одземање на дел од тврдата забна супстанца (предната површина на забите) и отпечатување на состојбата со специјални високо прецизни силиконски маси за отпечатување. Веднаш се поставуваат привремени фасетки со кои пациентот излегува од ординација без потреба било кој да забележи дека минува низ процес на средување на предните заби. Во меѓувреме, со заштитните фасетки можете нормално да функционирате, тие имаат природен изглед и ја спречуваат осетливоста на забите. Најчесто втората посета е и последна, кога готовите фасетки ги цементираме врз забите и ги адаптираме во функција и загриз. Во ЕТЕРНАдент следиме специјален протокол за цементирање со кој ги заштитуваме забите под фасетите и постигнуваме траен успех и естетика. Понекогаш кога имаме поголема трансформација како предизвик, на фасетите им е потребна корекција, можно е да има потреба од трета посета кога ги добиваме назад со дефинитивните корекции. Високата естетика и прецизност бараат темелно вложување од целиот тим и времето на изработката на фасетите најчесто трае 7-10 дена.
Порцеланските фасети доколку немаат соодветно пасување врз природните заби после кратко време резултираат со неатрактивна насмевка и заболени, зацрвенети и воспалени непца.
Направете естетска евалуација на насмевката во ЕТЕРНАдент, закажете термин на 02-3091-470.
Цени
You can call our front desk at 1 820 34 0391 Mon – Fri 9am – 8pm, email us at support@curlythemes.com or fill the Contact Form