fbpx

Белење на забите

Избелувањето на забите не е повеќе само тренд , туку и потреба за здрав изглед на насмевката. Белите и блескави заби асоцираат на здрави заби. Доколку сакате побела нијанса на вашите природни заби треба да се направи добра анализа со вашиот стоматолог која е причината за нивната темна боја. Најчести причини за потемни(жолти/сиви)заби се следниве:

  1. Природно потемна боја на заби. Исто како и бојата на косата, очите и забите имаат своја природна боја, оја кај некои луѓе е потемна.
  2. Неадекватна хигиена, наслаги пребоени од цигари или темно вино исл. Во овие случаи најпрво ги отстрануваме наслагите на забите и доколку пациентот не е задоволен ниту од природната боја на забите – преминуваме кон избелување.
  3. Возраст – со текот на годините бојата на забите станува природно потемна
  4. Лекови – некои лекови, како антибиотикот Тетрациклин до 70-тите нашироко беше применуван и во детска возраст, додека не се докажа дека прави трајни пребојувања на трајните заби кои во таа фаза се во зачеток во коската. Цела генерација која примала таков тип на антибиотици има специфични сивкасти пребојувања кои ги нарекуваме „тетрациклински заби“.

Во последните две децении, Советот за научни прашања на Американската дентална асоцијација го следеше равојот на зголемениот број на преперати за избелување на забите. Како што растеше пазарот на овие производи.

Асоцијацијата ги дефинираше различните препарати во две поголеми групи:
– Препарати кои помагаат да се врати природната боја на забот, преку избелување на дамките од храна, цигари и пијалоци
– Препарати кои помагаат да се избели природната забната супстанца
Непрофесионалните препарати можат да се најдат во аптеките и супрмаркетите и препорачливо е да се консултира стоматолог пред примена на било кој од овие производи. Вообичаено безбедните средства за избелување го имаат печатот за одобрување од Американската дентална асоцијација или од FDI (Светската дентална асоцијација).

Карбамид пероксидот кој се применува во многу средства за белење, се распаѓа на водороден пероксид и уреа, каде што водородниот пероксид е активната супстанца. Со овие средства може да се постигне многу добар резултат, но многу е важно да се следат стриктно упатствата и најдобро е белењето да се врши во консултација со стоматологот. На пазарот покрај ефикасните средства, постојат и многу агресивни агенси за избелување кои многу често можат да предизвикаат и поголема штета!  Главниот проблем кај овој тип препарати е неконтролираната употреба, неконтролираната концентрација на гелот за белење, ненадгледувана употреба (дали се користи правилно? Дали тој случај е за белење?) Од тие причини е почесто проследено со голема осетливост на ладно и топло,  оштетувања на мекото ткиво и сл. кои се најчесто од минлив карактер.  Оштетувањата на ткивото најчесто се јавуваат заради неправилно адаптирана лажица за белење која во овие препарати не е индивидуално изработена за секој пациент.

Професионалното белење  се врши под надзор на стоматолог и е главно базирано на карбамид пероксид или водороден пероксид. Може да се изведува во ординациски услови и да даде инстант резултат (и до 9 нијанси избелување во една посета) и е популарно наречено in office белење или ординациско белење. Процедурата во ЕТЕРНАдент трае околу час и половина. Тоа е систем кој гарантира БЕЗБЕДНОСТ, БРЗ РЕЗУЛТАТ И НУЛА ОСЕТЛИВОСТ !

Другиот тип на професионалното белење е домашното белење. За оваа техника се користат специјално изработени лажици за белење, индивидуално за секој пациент и професионални гелови за белење кои се со пониска концентрација од оние кои ги користиме за ординациското белење. За да постигнеме вистински побел ефект со овој систем потребна е малку поголема упорност и примена на овој систем неколку дена по ред.

ШТО ТРЕБА ДА ЗЕМЕТЕ ПРЕДВИД ПРЕД ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ?Сеуште НЕ ПОСТОИ трајно белење на забите. Доколку сакате да ја одржувате белата нијанса на вашите заби – потребно е белењето да го повторувате на 2-3 месеци во домашни услови. Ординациското белење не се препорачува да се повторува почесто од еднаш  годишно

  1. Доколку имате коронка во предната регија или некоја поголема пломба, таа нема да избели заедно со забите. Во тој случај таа треба да се замени со нова коронка/ пломба која ке одговара на новата нијанса на вашите заби. Во овој случај би требало да знаете дека со враќањето на вашата природна боја, коронката повторно ке останува посветла, така што домашно одржување на белата нијанса е неопходно. Доколку имате сосема природни заби во предната регија, одржувањето на бојата не е неопходно да се врши толку често  затоа што забите нема да двојат по боја едни од други.
  2. Луѓето кои имаат ерозии, пукнатини на забите и големи , но „попуштени“ пломби често страдаат од болка после белењето! Задолжителна консултација со лиценциран стоматолог пред почеток со белење.
  3. Белењето е козметска процедура и доаѓа во обзир кога непцата се сосема санирани, а пациентот има усвоено правилна и ефикасна техника за орална хигиена.

ЗАКЛУЧОК : Американската дентална асоцијација советува  пред било каква употреба на производ за белење на забите да се консултирате со својот стоматолог. Ова е посебно  важно кај луѓето кои имаат големи пломби, коронки и екстремно темни флеки. Темелен преглед, изведен од лиценциран стоматолог, е неопходен за да сеодреди дали белењето е соодветен третман за еден пациент. Стоматологот и пациентот заедно ќе го одредат најсоодветниот третман, а потоа стоматологот може да го супервизира процесот и да советува за употребата на средства за белење во контекст на еден сеопфатен и соодветно распореден план на терапија.

Естетска Стоматологија

Белење на забите
Дознај повеќе
Ласерско контурирање и депигментирање
Дознај повеќе
Порцелански инлеи и онлеи
Дознај повеќе
Алајнери
Дознај повеќе
Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber