Рана детекција на орален карцином со Велоскоп
Оралниот карцином е малигно заболување кое се јавува на усните, усната празнина и орофаринксот. Може да се развие во било која од овие регии:
Усни
Усна празнина
- Предните две третини од јазикот
- Гингивата – непцата
- Образната лигавица
- Подот на усната празнина (регијата под јазикот)
- Тврдото непце (предниот дел од кровот на усната празнина)
- Ретромоларната регија (малиот дел позади последниот катник)
Орофаринкс
- Средниот дел од голтникот (грлото)
- Задната третина од јазикот
- Мекото непце (задниот дел од кровот на усната празнина)
- Страничните ѕидови и задниот ѕид на голтникот
- Крајниците
Lorem ipsum Lorem ipsum
Повеќето случаи на орален карцином се од сквамозен тип според типот на клетките.
Благодарение на се почестите прегледи за рана детекција бројот на регистрирани случаи со орален карцином во напредна фаза, како и смртни случаи од истиот на светско ниво е намален. Во ЕТЕРНАдент се снабдивме со софистициран апарат за рана детекција на орален карцином со кој во краток едноставен преглед може да се утврди евентуалната преканцерозна или канцерозна лезија.
Бројот на ново откриени и смртни случаи поради орален карцином полека се намалува во последните 30 години. Сепак, бројот на нови евидентирани случаи предизвикани од инфекција од хуманиот папилома вирус (ХПВ) постепено расте. Еден тип ХПВ, поточно ХПВ16 е најчесто пренесуван од едно на друго лице по сексуален пат.
Оралниот канцер е докажан кај сите возрасти, но најчесто кај возрасните лица. Почест е кај црната отколку кај белата раса и почест кај мажите во однос на жените.
Употребата на цигари и алкохол го зголемува ризикот од развој на орален карцином.
Сето она што ги зголемува можностите за појава на заболување е означено како ризик фактор. Доколку го имате ризик факторот, тоа не значи дека Вие ќе заболите од рак, а пак доколку ги немате факторите на ризик не значи дека никогаш не можете да заболите од рак. Луѓето кои се сомневаат дека може да имаат ризик фактори треба да се советуваат со својот доктор. Нашиот тим во ЕТЕРНАдент Ви стои на располагање да Ви ги објасни следните ризик фактори:
- Конзумирањето производи од тутун (цигари, пури, тутун за жвакање)
- Големо конзумирање алкохол
- Инфекција со хуманиот папилома вирус (ХПВ)
- Голема експозиција на сончева светлина (карцином на усните)
- Машки пол (зголемена преваленца во однос на женскиот пол)
Оралниот канцер е заболување поради неконтролирано множење на малигни (канцерогени) клетки од усните, оралната празнина или орофаринксот.
Оралниот канцер може да се развие во следните регии:
· Усни
· Орална празнина
- Првите две третини од јазикот
- Гингива
- Образната лигавица
- Подот на усната празнина
- Тврдото непце
- Ретромоларниот триаголник (делот зад последниот катник)
· Орофаринкс
- Средниот дел на фаринксот (грлото)
- Задната третина на јазикот
- Мекото непце (заден дел на покривот од усната празнина)
- Страниќните и задни ѕидови на фаринксот
- Тонзилите (крајниците)
Најчестите орални карциноми водат потекло од сквамозните клетки, тесни, плочести клетки кои ги обложуваат усните, усната празнина и орофаринксот. Тие типови на карцином се нарекуваат сквамозен клеточен карцином.
Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент Ви стои на располагање за Ваше информирање и преглед на Вашата уста. Побрзајте пред да биде предоцна!
Цени
You can call our front desk at 1 820 34 0391 Mon – Fri 9am – 8pm, email us at support@curlythemes.com or fill the Contact Form