fbpx

Дентална хигиена

Целосен дебридман на устата
Дебридманот подрзбира отстранување на акумулациите на меките и тврди наслаги со професионално чистење (плакот и забниот камен). Професионални дебридман техники вклучуваат ултразвучни инструменти ( кои го кршат забиот камен и на тој начин го забрзуваат неговото отстранување) како и употреба на рачни инструменти .

Ултразвучно чистење на меки и тврди наслаги
Ултразвучното чистење на заби се однесува на употребата на ултразвучен инструмент за чистење наместо традиционалните метални рачни инструменти. Ултразвучната стоматолошка алатка користи звучни бранови со висока фрекфенција, за да се создадат брзи вибрации со помош на кои го кршат забниот камен.

Воздушно полирање на забите
Полирањето со воздух е многу ефикасен и ефeктивен начин за отстранување на сите работи од површината на забите што не треба да бидат таму. Всушност, техниката за полирање со воздухот е толку ефикасна што може да отстрани некои од најлошите дамки од забите, како што се оние предизвикани од чај, кафе и црвено вино.
Тоа е минимално инвазивна техника која користи мешавина од компримиран воздух, вода и фин прав за да се отстранат прбојувањето и штетните наслаги од забите.
Целта на полирањето е да се отстранат дамките на забите, наслагите од забите , да се зголеми естетиката и да се намали корозијата на металните реставрации. Најчесто се применува како козметичка процедура по дебридман и пред апликација на флуорид.

Профилакса третман
Стоматолошка профилакса е третман на чистење кој се изведува со цел темелно да се исчистат забите и непцата. Профилаксата е важен стоматолошки третман за запирање на прогресијата на гингивитис и пародонтопатија. Во комбинација со секојдневно четкање и флосирање/чистење со дентален конец, препорачуваме 2-3 професионални чистења годишно.
„Подобро да се спречи, отколку да се лечи“.
Тоа значи дека со рано откривање на знаците за пародонтална болест, можеме навремено да реагираме и да го спречиме нејзиниот развој со сите последици кои таа ги носи.
Профилаксата е одлична процедура која помага во одржување на усната празнина во добра здравствена состојба, а исто така ја запира прогресијата на заболувањето на непцата.

Chat With Us
Viber/WhatsApp
WhatsApp
Viber