fbpx

Совршена насмевка со еден клик

Промотивна понуда за Zirconia безметални фасети и коронки!

Идеална можност да започнете ново поглавје со насмевка која блеска!
За сите кои сакаат перфектна насмевка, нудиме 20% намалување на Zirconia безметални фасети и коронки!

Што вклучува пакетот?

  • Бесплатен дигитален дизајн на вашата насмевка Digital Smile Design уште пред да се започне со мерки и изработка на коронките/фасети
  • Дигитална РТГ дијагностика
  • Професионално чистење на забите
  • Пародонтолошка проценка и подготовка

Во ЕТЕРНАдент добивате персонализиран пристап, фокусирајќи се на вашите уникатни потреби и желби.

Закажете бесплатен консултативен преглед и започнете го патот до совршената насмевка!

-20% намалување

СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 12 РАТИ

ИЗБЕРИ ЈА ТВОЈАТА ИДНА НАСМЕВКА

Бесплатен дигитален дизајн на вашата насмевка Digital Smile Design уште пред да се започне со мерки и изработка на коронките/фасети ќе ви овозможи да ја видите вашата нова насмевка пред да започне зафатот.

Дигитален дизајн на насмевка (Digital Smile Design) е иновативна технологија во стоматологијата која овозможува прецизно планирање на естетската трансформација на вашата насмевка. Со користење на дигитални алатки и софтвер, стоматолозите создаваат персонализиран план кој го покажува крајниот резултат пред да започне третманот. Овој пристап обезбедува поголема прецизност, подобра комуникација меѓу стоматологот и пациентот, и уверување во постигнувањето на посакуваната насмевка.

Покрај редовната хигиена на устата и забите, постојат делови меѓу забите кои не толку ефикасно се четкаат. На тие места во период од повеќе месеци забниот плак се минерализира, станува цврста наслага на која има биофилм од бактерии. Таа цврста наслага, понекогаш невидлива на дневна светлина, треба да се отстрани со професионално чистење на забите. Тој третман се одвива во неколку протоколарни чекори а, тоа се: чистење на тврдите и меки наслаги со ултразвук, полирање на забните површини, пескарење на забите, испирање со орални дезинфициенси зависно од состојбата на забалото според одлуката на докторот – терапевт. Во оваа посета се прави и обука на пациентот за правилно одржување на орална хигиена, како и потенцирање на техниките соодветни за потребите токму на тој човек.

Стоматолошкиот преглед, анализата и планот на терапијата се некомплетни и непоткрепени, без употребата на ДИГИТАЛНА РЕНТГЕН ДИЈАГНОСТИКА.
Во ЕТЕРНАдент ги користиме следните рентген апарати:

  • Интраорален сензор за мали ртг снимки
  • Рентген панорама– за дијагностицирање на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини.
  • Дигиталната рентгенографија, како врвна технологија која го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза и е исклучително важна при првиот преглед на пациентот; при протетско, ортодонтско и хируршко планирање; дијагностицирање на кариес; дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити, полуимпактирани или импактирани заби; пародонтологија; деформитети на вилиците; комплетен преглед на ТМЗ;

Пародонтолошка проценка и подготовка е клучен чекор во стоматолошката грижа кој вклучува детална евалуација на здравјето на вашите непца и поддржните ткива. Овој процес помага во рано откривање на пародонтални заболувања и нивно третирање, како и подготовка за понатамошни стоматолошки интервенции. Целта е да се обезбеди здрава основа за долготрајна орална хигиена и функционалност.

ЗАКАЖИ БЕСПЛАТЕН КОНСУЛТАТИВЕН ПРЕГЛЕД


    ЕТЕРНАдент е центар за дентално здравје кој повеќе од 15 години ги следи трендовите на современата стоматологија, опремен со модерна опрема и високо обучен професионален тим кој нуди премиум услуги во областа на стоматологијата.

    СЛИЧНИ УСЛУГИ
    Естетска Стоматологија

    Белење на забите
    Дознај повеќе
    Ласерско контурирање и депигментирање
    Дознај повеќе
    Порцелански инлеи и онлеи
    Дознај повеќе
    Алајнери
    Дознај повеќе
    Chat With Us
    Viber/WhatsApp
    WhatsApp
    Viber