fbpx

СИСТЕМ НА ОБУКА ЗА СЕОПФАТНА ДЕНТАЛНА ГРИЖА

Во овој метод, клиничката обука ги вклучува сите специјалистички дисциплини по стоматологија во единствена интегрирана стоматолошка грижа. Праксата е под надзор на клинички ментор.
На тој начин, стоматологот останува фокусиран не само на специфичниот третман за таа специјалност, туку и на грижата за целокупните потреби за третман на пациентот.
Така, способностите, компетенциите и вештините на докторите по дентална медицина (ДДМ) сѐ подобро се усовршуваат во текот на индивидуалниот пристап на третман.
Во исто време пациентите добиваат повеќе координирана грижа отколку онаа во традиционалните специјализирани клиники.
Оваа интегрирана грижа за пациентите стана водечки принцип на модерната стоматологија со избегнување и намалување на досегашниот пристап во грижата за пациентите.
Класификацијата или категоризацијата на нивото на сложеност на третманот што се однесува на пациентите, ја прави клинички ментор со искуство и експертиза за општа стоматолошка пракса, кој е непосреден водич доделен на практикантот, при обезбедување на целокупниот третман.

Зошто е ова потребно?

Сегашниот образовен пристап  на докторите по дентална медицина е базиран на стекнување знаење и вештини во  специјалистички оддели. Ова, најчесто води  до недостиг  на клиничко расудување и зрелост на стоматолозите  по дипломирањето.

Со клиничката обука и наставната програма за сеофатната дентала грижа (СДГ), стоматолозите ќе бидат подготвени и способни многу подобро и  успешно да практикуваат општа стоматологија,  обезбедувајќи стоматолошки услуги од примарната здравствена заштита, што и се очекува од нив.

Компетенции и цели на предметната програма

По завршување на овој образовен курикулум, клиничарот ќе се здобие со знаење и обука  на рутинските третмани кои се поврзани со определена специјалност и тоа од пародонтологија, реставративна стоматологија, ендодонција, орална хириргија и имплантологија, ортодонцијата, гнатологијата и протетика.

На овој начин ќе се апсолвира стабилна основа за усвојување на напредни вештини во општата стоматолошка пракса.

КОНКУРС за ПРОЛЕТЕН И ЕСЕНСКИ циклус

ЕТЕРНА верува во вредноста на континуираното учење и здобивање на практични работни вештини, со цел стекнување професионално искуство, за да се подобри вработливоста и да се помогне преминот кон редовно вработување. Имајќи ја на ум таа филозофија, ЕТЕРНА  создаде дванаесетнеделна програма за практикантска работа која нуди реални искуства, знаење и вештини во сите стоматолошки дисциплини, администрација и многу различни аспекти од секојдневното клиничко работење.

Во текот на 12 недели, нашите практиканти ќе имаат можност да стекнат:

  • Вистински професионални вештини со апсолвирање на клинички постапки во сите области на стоматологијата
  • Компетитивни знаења од професионални стоматолошки експерти
  • Користење на најсовремена опрема и материјали во стоматологијата
  • Административно и финансиско водење на општа стоматолошка ординација
  • Подобрување на индивидуалните знаења, практични вештини, доверба и профитабилност
  • Можност за вработување.

 

За целосен и сеопфатен пристап во формирањето на излезните компетенции на докторите на стоматологија, препорачуваме интегрирана модуларна обука која ќе се извршува паралелно со практиканството. Обуката вклучува пакет на теоретски презентации и одлично осмислени менторски часови на пракса за секоја стоматолошка област.

Пратете ни ваше CV со назнака “Пракса и едукација”, на Е-МАИЛ адресата eternitas@eternadent.com.mk доколку:

  • Сте дипломиран стоматолог
  • Не сте во работен однос и немате работно искуство
  • Одлично разбирате, читате и зборувате англиски јазик
  • Имате желба за постојано усовршување преку работа во тим
  • Имате високо ниво на одговорност и тенденција за завршување на обврските
  • Не сте постар од 34 години

 

02 3091 470 / 078 30 91 47

ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 01.03.2022/01.10.2022 година за соодветниот циклус.

Пролетен циклус (Март-Мај)

Есенски циклус (Октомври-Декември)

*** Котизацијата изнесува 1950 евра за сите 3 месеци

Вклучува обука преку акредитирани курсеви и вежби во клинички услови на модели и на пациенти во период од 3 месеци.

Онлајн Пријава

    Од каде дознавте

    Прикачете ваше CV (со фотографија)

    Chat With Us
    Viber/WhatsApp
    WhatsApp
    Viber