ПРОФЕСОР Д-Р АНА МИНОВСКА
специјалист пародонтолог
Запознајте не!
За да овозможи високо организирана и професионална услуга тимот на ЕТЕРНАдент функционира како една целина, составена од доктори на стоматологија, кои активно се усовршуваат во полињата на денталната естетика, пародонтологија и имплантологија, консултанти специјалисти од различни области на стоматологијата, сестрана помош од нашите асистенти, администратори и менаџер, предводени од проф. д-р Ана Миновска, сопственик на Центарот за дентално здравје ЕТЕРНА.
Препознатливи сме по пријателскиот однос, сеопфатната грижа за нашите пациенти, љубезноста и професионализмот.
Здравите и убави заби значат добробит и квалитет на живот, а нашиот концепт е ЗДРАВИ ЗАБИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ.
Секој пациент е исклучително важен и со своја индивидуална проблематика. Затоа одделуваме доволно време за откривање на проблемите и желбите на нашите пациенти. По стручната идентификација на затекнатата состојба, ги нудиме соодветните решенија, но и границата од која нема компромиси.
Целта ни е новиот пациент да го доведеме до состојба на здравје, да го обучиме како правилно да ја одржува таа состојба, за потоа на редовни контроли, согласно соодветниот протокол, да се откриваат и отстрануваат и најмалите проблеми кои во меѓувреме можат да настанат.
Тоа бара бескомпромисен квалитет во опремата, тимот и услугата, а ЕТЕРНАдент нуди современи концепски, технолошко-технички и хумани ресурси за рана дијагностика, безболна и навремена терапија и одржување на здравјето на забите со високо организирана и професионална услуга и врвен тим.