Пародонтална терапија и хирургија

ТРЕТМАН НА ПАРОДОНТОПАТИЈА

Пародонтопатијата е заболување на забнопотпорниот апарат кое започнува со навидум „обично воспаление“ на непцата, често незабележано од пациентот (а за жал многу често и од терапевтите (!?)) и доколку не се почне со навремена терапија, забите постепено го губат потпорниот апарат и се расклатуваат. Пародонталната болест е застапена во 99% од нашата популација и заедно со кариесот се причина бр.1 за губиток на забите.

Неколку предупредувачки знаци за постоење на пародонтална болест

· Крварење на гингивата (непцата) при четкање на забите

· Црвена или модрикава, отечена гингива

· Повлечена гингива од забите

· Перзистентен лош здив или вкус во усната шуплина

· Трајни заби кои се веќе изгубени или се луксираат (расклатуваат)

· Сменет загриз, лошо вклопување на вашите заби

· Промени во вклопувањето на парцијалните протези.


Фактори кои може да го зголемат или прогредираат процесот на пародонталната болест

· Лоша орална хигиена

· Пушење или џвакање на тутун

· Генетски фактор

· Многу збиени заби кои се тешки за домашно одржување

· Бременост

· Дијабет – шеќерна болест

· Медикаменти, вклучувајќи ги стероидите, одредени типови на лекови против епилептични напади, хемотерапевтските лекови, одредени калциум блокатори и оралните контрацептиви.

Секој преглед во ЕТЕРНАдент вклучува и евалуација на состојбата на пародонтот, базиран на сензитивни индекси кои ни помагаат прецизно да ја одредиме моменталната состојба, прогнозата и понатамошниот третман доколку е потребен. Пародонталниот преглед е најдобрата работа што можете да ја сторите за да го зачувате вашето орално здравје. Раното откривање вклучува и поедноставна терапија и можност заболувањето целосно да се стави под контрола. Ниту една естетска реставрација („пломба”, „навлака”) нема да биде долгорочно успешна на заби со заболени непца и потпорен забен апарат (пародонциум). Јавете се уште денеска во Центарот за дентално здравје ЕТЕРНАдент да закажете преглед и евалуација на вашето пародонтално здравје !

1. Почетна состојба пред прв паро-третман 2. Состојба два дена по прв паро-третман

26.11.2008 тукушто извадени жичани лигатури околу забите заради шинирање на вилиците по фрактура на мандибула
28.11.2008 два дена по вадење на лигатурите и првиот паро третман

3. Состојба една недела по втор паро-трeтман 4. Состојба седум месеци по трет паро третман
и надоградени рабови со контролен преглед и нов паро третман

06.12.2008 ерозии и надоградени рабови 06.07.2009 седум месец по изработка на фасети и паро третмани

Доколку веќе имате пародонтална болест – БЕЗ ПАНИКА, современата стоматологија има соодветен лек! Во нашата ординација ќе добиете специјалистички третман на пародонталната болест воден од проф. Д-р Ана Миновска и тимот, по протокол индивидуално адаптиран за секој пациент зависно од степенот на развој на болеста. Третманот е целосно безболен за пациентот, а првите резултати обично се видливи по само неколку дена. Вашиот доктор во ЕТЕРНАдент ви стои на располагање да ви даде објаснување на сите прашања кои ги имате во врска со природата на заболувањето и терапијата која следи.

ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА ПАРОДОНТОПАТИЈА

Со цел поуспешен третман на пародонтопатијата во ЕТЕРНАдент користиме и дополнителна ласерска терапија. Двата моќни дентални ласери Fotona Fidelis III и Syneron Lite Touch работат со две различни бранови должини ( Er:Yag и Nd:Yag) со кои единствено во Македонија овозможуваме максимално ефикасен третман на заболените непца.

Кои се предностите на ласерскиот третман?

Нема болка или минимална потреба од анестезија. Повеќето интервенции со ласер се изведуваат со лесен допир на инструментот или воопшто без допир- туку само со ласерска светлина.

- Стерилност – самиот ласерски зрак го стерилизира ткивото врз кое работиме, ги уништува бактериите, а со тоа ни помага да ја отстраниме основната причина за пародонтопатијата (инфекцијата)

- Побрзо заздравување на ткивото. Ласерската светлина ги стимулира метаболните процеси во заболеното ткиво и овозможува побрзо зараснување во однос на конвенционалните методи за третман. Отсуството на бактерии во работното поле исто така придонесува за побрзо, непречено заздравување на ткивото.

- Без крварење – Ласерот ни овозможува паралелно со работата да вршиме и коагулација и крварењето да се сведе на минимум или воопшто да го нема.

- Нема конци – Повеќето интервенции кои со стандардна терапија имаат потреба од шиење, при работа со ласер нема потреба од конци и шиење.

 

ПРЕВЕНЦИЈА НА ПАРОДОНТАЛНА БОЛЕСТ

Добро е позната изреката „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“. Тоа значи дека со рано откривање на предзнаците за пародонтална болест, можеме навремено да реагираме и да го спречиме нејзиниот развој со сите последици кои таа ги носи. Во ЕТЕРНАдент посебно место зазема превенцијата на пародонталната болест, со специјално утврдени протоколи базирани на доктринарни ставови, за нега на Вашите непца.

Превенцијата од пародонтална болест чини многу помалку отколку терапијата на истата, затоа направете нешто многу корисно за себе: јавете се во ЕТЕРНА дент за да закажете консултација и преглед за утврдување на Вашиот дентален и пародонтален статус.

Напреден гингивитис (воспаление на непцата)


Пред терапија - После треапија (пародонтална терапија / ортодонтска терапија / протетска терапија)