Сеопфатна стоматологија

Сеопфатната стоматологија го зема предвид пациентот во целина и не се фокусира само на забите. Таа се заснова на теоријата дека повеќето луѓе би сакале, но и би можеле да ги задржат своите природни заби за цел живот. Сеопфатната стоматологија ја третира устата како порта на човечкото тело. Течностите и цврстите материи влегуваат во телото преку устата и тука започнува варењето на храната.

Правилното функционирање на устата е од витално значење за целокупното здравје. Неколку видови на кардиоваскуларни болести можат да бидат поврзани со оралното здравје, како што се обтурирани артерии, мозочен удар и бактериски ендокардитис. При првата посета на Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент, најпрво ќе слушнеме кој е вашиот проблем, Вашите желби и идеи. Потоа темелно ќе ја провериме медицинската историја, обрнувајќи внимание на лековите, додатоците, можните алергии и актуелната здравствена состојба. Во ЕТЕРНАдент изработуваме дигитални рентген снимки, снимени со најнов тип дигитален РТГ апарат, кој има најниско зрачење и веднаш ја отсликува состојбата на забалото.

Понекогаш, за некои подетални анализи на денталниот статус, неопходна е и панорамска РТГ снимка која се користи за испитување на други структури освен на забите, вклучувајќи ги вилиците, синусите и зглобовите за џвакање. Како дел испитувањата на меките ткива, Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе изврши скрининг за орален канцер. Секој заб и реставрација во Вашата уста ќе бидат темелно прегледани и нотирани во вашето досие. Кај нас во ЕТЕРНАдент се изведуваат и најсложените пародонтални испитувања, прегледи на непцата, причините за појава на пародонтални џебови, рецесии (повлекувања на непцата) и крварење од непцата, загуба на коскената маса и мобилност (клатење) на забите. Како дел од целосното евидентирање на Вашиот дентален статус, Вашиот стоматолог ќе го анализира и загризот, мускулите, лигаментите и виличниот зглоб и како тие се вклопуваат и работат заедно.

Потоа следи анализа на Вашата насмевка со т.н. “smile design” при што во анализата за студирање ќе ги земеме предвид Вашите заби, усните и лицето. Правиме фотографии, отпечатоци и модели од Вашето забало и проценка на оралната хигиена, според што и предлагаме соодветни начини и методи на понатамошно одржување. По сеопфатните испитувања, во следниот закажан термин ќе ја добиете утврдената дијагноза и опциите за третман, со предностите и недостатоците од различните можности. Секој пациент го избира планот за третман кој одговара на неговите потреби и можности. Заедно со Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе ја изберете соодветната стратегија за лекување и точниот распоред.

Третманот се изведува постепено и во фази, за да се дојде до очекуваната цел. Сета естетска реконструкција треба да се изведува врз здрав пародонциум(непца и меки ткива) и во правилен загриз. Кога ќе одберете сеопфатна стоматологија, нашите испитувања надополнети со Вашата подготвеност да ја споделиме одговорноста, ќе Ви обезбеди здрава уста и природни заби за цел живот ...