Прегледи и информации за НОВИТЕ ПАЦИЕНТИ

При закажување на вашиот прв термин во ЕТЕРНАдент, дојдете 5 минути порано за да го пополните формуларот наменет за отворање на Ваш дентален картон. Истиот формулар можете да го најдете во дигитална форма тука, да го пополните и да го испратите. 
Пациентите кои ќе се одлучат да ни го испратат формуларот електронски, го земаат предвид ризикот поврзан со испраќање на било која информација по интернет. ЕТЕРНАдент јасно се оградува од одговорноста за пренос на лични информации на пациентот испратени по интернет.

Прегледи и професионално чистење

Сеопфатниот пристап за грижа за оралното здравје кај пациентите ни овозможува континуитет во следењето на состојбите во устата, а со тоа и целосна контрола врз истите. Со него во западните земји кај пациентите се постигна многу поголема свесност за орланото здравје и навиката кај луѓето да доаѓаат на стоматолог на закажани редовни контроли. Кога пациентот ќе стане дел од еден систем, состојбите во неговаат уста се целосно предвидливи. Во спротивно тој ќе се јави самиот на стоматолог само кога ќе има проблем, а тогаш најчесто има веќе голем прогрес на патолошката состојба. Токму овој пристап кон негата на оралното здравје, придонесе во многу земји кариесот скоро целосно да е искоренет, а стапката на беззабост драстично да се намали.
Накратко овој систем, веќе со децении применет во многу светски центри, дал драматично добар резултат на ниво на цели нации.
На овој начин кај своите пациенти не спроведуваме кампањска терапија туку всушност претставува потемелен преглед на сите аспекти на проблемот т.е. оралното здравје, каде што центарот на грижата е пациентот.

Има разлика од пристапот кон пациент кој за прв пат доаѓа во нашата ординација и оној пациент кој е веќе регистриран.
- Времето кога првата посета се поврзување со синтагмата „отвори уста“, е веќе одмана поминато. При прием на пациент кој доаѓа за првпат потребно е со него да се запознаеме, (се работи за човек пред се и тоа човек кој е во мака и кај кого постои страв) да ја увидиме неговата мака, неговите барања и потреби , неговите очекувања. При првата посета се запознаваме со општата здравствена состојба на пациентот, за да на крај стигнеме до специфичната стоматолошка проблематика.
- Секако ако има болка – прво се пружа прва помош!
- Иако звучи познато, оралната хигиена е најважен фактор за орално здравје.Затоа на првата посета се одредува степенот на орална хигиена – и се даваат инструкции за домашна нега. Ова постојано го повторуваме заради фактот што степенот на орална хигиена во нашата популација е исклучително низок.
- Се извршува темелен преглед – практично СКЕН на сите заби и се нотира затекнатата состојба во картонот на пациентот.
- Темелен пародонтален преглед – со што се одредува состојбата со непцата .
- Некогаш е потребно да се фотографира и подоцна се врши споредба на почетната состојба со онаа во текот и на крајот од третманот.


ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБИТЕ-ПРВА ПОСЕТА

ОСНОВА за здрава уста е чиста уста!!!!
Затоа во продолжение на првата посета се изведува темелно чистење на забите и непцата – се отстрануваат сите причини за инфекција на непцата и кариес. Исто така согласно утврдениот степен на орална хигиена на пациентот му се даваат индивидуални инструкции за орална хигиена.
Чиста средина е основа за здравје и успех на се што понатаму ќе превземеме.
Сето тоа темелно се нотира во специјален катрон за водење евиденција за тој пациент
По потреба се врши РТГ на сите заби.
Можно е некогаш / зависно од спецификата на пациентот да има потреба и да се земат студио модели.
Сега можеме да ги одредиме приоритетните проблеми од оние кои се само запоставени. Многу често со решавање на приоритетните проблеми се решаваат оние заради кои пациентот всушност и дошол на стоматолог!

ПЛАН НА ТЕРАПИЈА И ТРЕТМАН

Земајќи ги предвид СИТЕ овие податоци кои ги имаме од првата посета и преглед на пациентот ние имаме одлична база на податоци за да изработиме точен и темелен план на терапија.
Планот вклучува: кои интервенции, временска рамка на целиот третман како и на секоја посебна интервенција, и секако цена на терапијата.
Во некои случаи постојат повеќе терапевтски опции и не секогаш најскапата е најдобра.

КОНТРОЛНИ РЕДОВНИ ПРЕГЛЕДИ

Нашите редовни, регистритрани пациенти, откако ќе ги поминат сите фази на санирање и ќе постигнат ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ, се стават во специјален протокол за следење на состојбите. Кај нив се закажуваат контролни прегледи. Секој пациент си е посебна специфика и тие редовни контроли зависно од степенот на хигиена, изработките кои ги носи во устата, степенот на ризик од кариес, состојбата на непцата и сл. одредуваат дали контролите ќе бидат на 1, 3, 6 или 12 месеци. Овие контроли ни овозможуваат следење на состојбите и евентуално преземање навремени мерки пред пациентот да почувствува болка во иднина.
МНОГУ важна работа е создавање навика за редовни контроли, кога пациентот е ослободен од пресијата дека треба да нарави 1000 интервенции пред да оди на одмор, свадба или друг важен настан во животот. Неговата состојба е под надзор на некој кој го следи неговото здравје.
Одговорност за своето орално здравје!!!




 
 

Информации за плаќање на услугите


Услугите дадени во ЕТЕРНАдент можете да ги платите во готово, со Visa, Master Card и Maestro дебитни и кредитни картички, како и плаќање на рати со кредитни картички и Diners. Доколку имате потреба од поопсежен и подолготраен третман, можете да разговарате со нас за останатите финансиски опции кои ги нудиме.  



 
 
 
 


Осигурителни куќи: ЕТЕРНАдент има склучено договор за соработка со International SOS, Tricare и GBG.

ЕТЕРНАдент води темелна датотека за секоја услуга дадена во нашата ординација и досегашното искуство покажало прифаќање на истите од страна на останати меѓународни осигурителни компании. Вашиот доктор во ЕТЕРНАдент ви стои на располагање за пополнување на било какви формулари за состојбата на вашите заби доколку имате потреба од тоа.