Дигитална РТГ дијагностика

При вообичаен преглед на усната празнина можеме да го видиме само видливиот дел од забот, т.е. неговата коронка. Но, за да можеме да извршиме темелен преглед на забните и забнопотпорните ткива, потребно ни е да погледнеме и „подлабоко“ и скриените анатомски структури да ги направиме видливи и достапни за преглед.
За оваа цел во ЕТЕРНАдент користиме дигитален Siemens рентген, со кој ги штитиме нашите пациенти од прекумерно зрачење, додека ние добиваме снимки со многу висока резолуција, која ни овозможува многу прецизна дијагностика.
На рендген (Ртг) снимката можеме забниот корен, но и други важни структури кои се наоѓаат околу самиот корен (коска, сврзни влакна, коскени канали) кои не се видливи со голо око. Во секое од овие ткива може да започне патолошки процес (најчесто инфекција), кој можеме да го детектираме само со помош на рендген.

Рендгенот ни помага и да откриеме почетни кариозни процеси меѓу забите, кои не можат да се видат со стандарден преглед, со што ни се овозможува да ги санираме навремено, без болка и да не дозволиме да напреднат во длабочина. Високите стандарди за превенција препорачуваат рентгенска контрола на сите заби еднаш на 2 години.

Статистичките податоци за здравствената состојба на забите во западните земји покажуваат дека превентивните прегледи со Ртг контрола и редовни чистења во голема мерка придонесуваат за намалување на кариес индексот. Дигиталниот Siemens рентген апарат ни овозможува рана детекција на кариес и пародонтопатија, а со тоа и навремен третман и подобра прогноза за забите.