Ендодонција (лекување на коренските канали)

Трeтманот за лекување на коренските канали на забот е неопходен кога пуплата (мекото ткиво во срцевината на забот кое содржи крвни садови, нерви и сврзни влакна) ке се воспали или инфицира. Заболувањeтo на пуплата е едно од најчестите причини за силна забна болка, но самиот третман на оваа состојба е безболен. Под локална анестезија се отстранува воспаленото ткиво, се дезинфицира каналот и истиот се запечатува со специјално полнење. Интервенцијата се изведува во една или повеќе фази, зависно од тоа колку е инфициран забот. Доколку го одложувате ендодонтскиот третман на инфицираната пупла, болката ке се зголеми, а може да се појави и оток, па забот може да заврши со вадење.  

Состојбата на воспаление на пулпата најчесто се јавува:

на заби кои имаат несаниран и длабок кариес
интердентален кариес – кариес кој се јавува помеѓу два заба
под големи пломби кои веќе не пасуваат идеално
кај заби со многу повторувани интервенции
под коронки и мостови, како резултат на некроза на пупата
скршени заби
повреда на забот, дури и доколку нема видлива скршеница или пукнатина

Доколку продлжите да се грижите за вашите заби и непца, реставрираните заби со лекувани коренски канали може да ги сочувате до крајот на животот. Сепак редовните контроли и добрата хигиена се неопходни, во спротивно забот без пупла повтрно може да развие кариес. Најчесто ендодонтскиот третман е едноставна и безболна процедура, и што е најважно може да ви го спаси и забот и насмевката. Доколку недостасува повеќе од 50% од забната супстанца, можеби докторот ќе ви препорача зајакнување на забот со надградба и коронка. Доколку имате прашања на оваа тема, слободно разговарајте со вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент, кој ке ви даде одговори во врска со фазите, должината на третман, прогнозата на забот и сл.