Пломби (инлеи и онлеи)

Современата стоматологија располага со широка палета композитни реставративни материјали кои се полимеризираат со употреба на светлина и затоа се означуваат како фотокомпозити или фотополимери. Денес ги употребуваме најновите нано-композитни пломби, кои ги исполнуваат двата основни  услови, да имаат доволна цврстина и отпорност за да ги ''издржат'' силите при џвакање а истовремено естетски да задоволуваат. Новите фотополимерни материјали поседуваат физички својства и оптички карактеристики слични како природните заби. Тие се технолошки усовршени што изгледаат и се чувствуваат како вистински заби и можат да ги вршат истите функции како Вашите природни заби.
Постојат и глас-јономерни пломби (ГЈЦ) кои во својот органски матрикс содржат стаклени честички. Присуството на флуор има ''заздравувачко'' дејство врз забите и помагаат во превенција од нов кариес, па можат да бидат употребувани и како подлога под композитните пломби. Предност е тоа што се отпорни на влага, па можат да се аплицираат и на места каде е тешко да се обезбеди идеално суво поле за работа. Такви се случаите кога пациентите имаат обилно излачување на плунка. Главен недостаток им се слабите естетски карактеристики, па се избегнуваат за употреба во естетските зони (кај предните заби). 
Искусните стоматолози, успешно ги комбинираат двете најчесто употребувани групи на пломби искористувајќи ги нивните позитивни карактеристики. 
 

ПОРЦЕЛАНСКИ ИНЛЕИ И ОНЛЕИ

Порцеланските инлеи и онлеи се високо естетска алтернатива за композитните – бели пломби. Тие имаат многу висока отпорност на притисок и се одлично решение за бочни големи пломби. Инлеите и онлеите реставрираат големи оштетувања на тврдата забна супстанца особено во бочната регија кадешто џвакопритисокот е доста голем. За разлика од коронките, за инлеите не е потребно дополнително состругување на забот за да се постават, туку само се отстранува оштетениот дел. 

Се изработуваат од порцелан, истиот материјал кој се користи за изработка на мостови и коронки, а бојата им е прилагодена на природната боја на вашите заби и изгледаат како нив. Најголемата разлика меѓу класичните бели пломби и инлеите/онлеите е што за вторите е потребен специјален компјутерски процес на изработка во забната техника кој им дава екстремна отпорност на притисок при џвакање и трајност, притоа постигнувајќи врвен естетски ефект. 


 
 
КОМПОЗИТНИ ФАСЕТИ
Во желбата да излеземе во пресрет на барањата на пациентот за висока естетика, без да се преоптовари неговиот буџет, во некои случаи имаме можност помали корекции на забите да изведеме со таканаречените композитни фасети. И оваа процедура се работи по посебен протокол кој овозможува трајност и висока естетика на фасетите, без воопшто состругување на осетливата забна супстанца. Успешниот резултат го добиваме кај случаи кои се индицирани за ваква  реконструкција. Тука имате можност да погледнете неколку случаи решени со оваа метода.  Побарајте бесплатна консултација во ЕТЕРНАдент 02/3091-470, заедно ќе одредите која метода е најсоодветна за вашиот случај!
     


ЕСТЕТСКА РЕСТАВРАТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

Модерните стоматолошки материјали во комбинација со знаењето и вештините на нашиот тим, ни овозможуваат да креираме прекрасни насмевки со едноставно менување на старите пломби со нови. Во ЕТЕРНАдент ги користиме последните генерации на реставративни материјали кои во исто време ни гарантираат висока естетика, транспарентност, природен изглед и издржливост на притисок и голема трајнст без попуштање на механичките особини на материјалот.