Порцелански Фасети

Фасети, (понекогаш се нарекуваат порцелански фасети или порцелански ламинати) се тенки луспи, наменски изработени и дизајнирани за да ја покријат предната површина на забите и да го подобрат изгледот на истите. Овие луспи се врзани за предниот дел на забите, менувајќи ја нивната боја, форма, големина или должина.

Фасетите може да се направат од порцелан или композитни материјали од смола. Порцеланските фасети се со поголема цврстина и отпорност во однос на композитните фасети и подобро имитираат светло рефлектирачки својства на природните заби.

Кои типови на проблеми на природните заби можеме да ги корегираме со порцеланските фасети?
• Заби кои се пребојуваат - или поради третман на коренскиот канал; дамки од тетрациклин или други лекови, прекумерна флуорид или други причини; или присуство на големи пломби
• Забите што се истрошени
• Заби кои се оштетени или скршени
• Забите кои се несоодветни, нерамни или неправилно обликувани (на пример, имаат кратери или испакнатини во нив)
• Заби со празнини ( дијастеми ) меѓу нив.

Која е постапката за добивање на порцеланските фасети ?
Нивната изработка обично бара три посети на стоматолог – една посета за консултација, а наредните две за да се направат и да се постават кај пациентот. Еден или повеќе заби истовремено можат да подложат на процесот на изработка на порцелански фасети .

• Дијагноза и планирање на третманот
Стоматологот прави проценка на вашите заби дали има услови да се изработат порцелански фасети и ако е тоа констатирано се прават рентген снимки на вашите заби.

Подготовка
Се одзема од предната површина на забот околу 1/2 милиметар емајл од површината на забот, што е износ кој е речиси еднаков на дебелината на фасетата која треба да се додаде на површината на забот. Следно,се зема отпечаток од забите и се испраќа во заботехничка лабараторија. Обично се потребна 1 недела за да ги добиеме фасетите назад од лабораторијата. За целиот тој период се изработуваат привремени заштитни фасети кои се поставуваат на природните заби.

Сврзување
Пред да се цементираат порцеланските фасети на забот, прво се поставуваат фасетите на забите да се испита нивната положба, боја и форма. Следно, се подготвуваат природните заби да бидат чисти, исполирани и бондирани со што се овозможува процесот на сврзување помеѓу природните заби и фасетите. Посебен цемент се нанесува на забите и фасетите. Веднаш штом правилно ќе се постават фасетите на забот, се применува специјален светлосен зрак со кој ги активира хемикалиите во цементот, предизвикувајќи тоа да ги зацврсти фасетите за забот. Последните чекори вклучуваат отстранување на вишокот цемент. После неколку недели се прави контролн преглед на порцеланските фасети.

Кои се предностите на порцеланските фасети?
• Тие обезбедуваат природен изглед на забот.
• Мекото ткиво добро толерира порцелан.
• Порцеланските фасети се отпорни на дамки.
• Бојата на фасетите од порцелан може да биде избрана и добро прилагодена према останатите природни заби.
• Помалку инвазивни се во споредба со кронките, ( се штеди повеке забна супстана ).

Кои се недостатоците на порцеланските фасети?
• Процесот не е реверзибилен.
• Порцеланските фасети се поскапи во однос на композитните.
• Порцеланските фасето не може да се репарираат ако се случи да се скршат.
• Порцеланските заби не се добар избор за лица со нездрави заби (на пример, заби со големи пломби или воспаленија на непца), ослабени заби (како резултат на распаѓање, фрактура, големи забни пломби) или за оние кои имаат несоодветна количина на постоечка емајл на површината на забот.
• Пациенти со лоши навики исто така се контраидикации за поставување на порцелански фасети поради тоа што лесно може да дојде до нивно кршење и пукање.

Колку долго траат порцеланските фасети?
Помеѓу 7 и 15 години. По овој период, фасетите треба да се заменат.

Дали порцеланските фасети бараат посебна грижа?
Забните фурнири не бараат посебна грижа. Продолжете да ја следите препораката од стоматологот за орална хигиена, вклучувајќи четкање и испирање со антисептични сретства.