Естетска стоматологија

Прекрасната насмевка може да ви ја зголеми самодовербата и со тоа вашиот успех на социјален, професионален и приватен план. Вистината е дека луѓето навистина првиот впечаток за себе го оставаат врз основа на изгледот. Денешната стоматологија нуди безболен пат до совршена насмевка и затоа не дозволувајте лошите заби да ви ја нарушат самодовербата на личен и професионален план. Побарајте од вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент да направи евалуација на вашата насмевка и да ви ги понуди можните решенија како да стигнете до прекрасна холивудска насмевка.

Најчестите проблеми кои ги мачат пациентите се:

Темни заби
Нерамномерен низ на забите
Потемнети пломби/ метални пломби
Видлив голем дел од непцата при смеење (gummy smile)
Пигментирани непца
Нарушена средишна линија на забите (асиметрија) и сл.

Заедно со пациентот дефинираме темелно што е реален проблем во естетскиот изглед и она што на пациентот му пречи. Врз основа на тоа изработуваме темелен план со кој го постигнуваме посакуваниот изглед кај пациентот.

Она што е најважно е пациентот да добие претстава како негвата насмевка ке изгледа после естетските третмани. Во ЕТЕРНАдент имаме неколку различни методи со кои можеме да ви доближиме што би постигнале со на пр. Естетски фасети или белење на забите, пред да се одлучите за третман.

Исто така специјално утврдениот протокол на процедури во нашата ординација ни дава дополнителна безбедност и долготрајност на изработките. Најголемата штета што може да ја направите на вашите заби и непца е директно да влетате во протетска или естетска реконструкција на претходно неподготвено ткиво (особено доколку страдате од воспалени и заболени непца). Тие решенија се краткотрајни и секогаш чинат многу поскапо, сметајќи и во заби и во нови изработки.

ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА е сплет на сите гранки од стоматологијата при што се користат високо естетски материјали. Тука спаѓаат следниве процедури:

БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Избелувањето на забите не е повеќе само тренд , туку и потреба за здрав изглед на насмевката. Белите и блескави заби  асоцираат на здрави заби. Доколку сакате побела нијанса на вашите природни заби треба да се направи добра анализа со вашиот стоматолог која е причината за нивната темна боја. Најчести причини за потемни(жолти/сиви)заби се следниве:

1. Природно потемна боја на заби. Исто како и бојата на косата, очите и забите имаат своја природна боја, оја кај некои луѓе е потемна.

2. Неадекватна хигиена, наслаги пребоени од цигари или темно вино исл. Во овие случаи најпрво ги отстрануваме наслагите на забите и доколку пациентот не е задоволен ниту од природната боја на забите – преминуваме кон избелување.

3. Возраст – со текот на годините бојата на забите станува природно потемна

4. Лекови – некои лекови, како антибиотикот Тетрациклин  до 70-тите нашироко беше применуван и во детска возраст, додека не се докажа дека прави трајни пребојувања на трајните заби кои во таа фаза се во зачеток во коската. Цела генерација која примала таков тип на антибиотици има специфични сивкасти пребојувања кои ги нарекуваме „тетрациклински заби“.

Во последните две децении, Советот за научни прашања на Американската дентална асоцијација го следеше равојот на зголемениот број на преперати за избелување на забите. Како што растеше пазарот на овие производи, Асоцијацијата ги дефинираше различните препарати во две поголеми групи:

- Препарати  кои помагаат да се врати природната боја на забот, преку избелување на дамките од храна, цигари и пијалоци

- Препарати кои помагаат да се избели природната забната супстанца

Непрофесионалните препарати можат да се најдат во аптеките и супрмаркетите и препорачливо е да се консултира  стоматолог пред примена на било кој од овие производи. Вообичаено безбедните средства за избелување го имаат печатот за одобрување од  Американската дентална асоцијација или од FDI (Светската дентална асоцијација).


Средства за избелување на база на пероксид од аптека/ супермаркет

Карбамид пероксидот кој се применува во многу средства за белење, се распаѓа на водороден пероксид и уреа, каде што водородниот пероксид е активната супстанца. Со овие средства може да се постигне многу добар резултат, но многу е важно да се следат стриктно упатствата и најдобро е белењето да се врши во консултација со стоматологот. На пазарот покрај ефикасните средства, постојат и многу агресивни агенси за избелување кои многу често можат да предизвикаат и поголема штета!  Главниот проблем кај овој тип препарати е неконтролираната употреба, неконтролираната концентрација на гелот за белење, ненадгледувана употреба (дали се користи правилно? Дали тој случај е за белење?) Од тие причини е почесто проследено со голема осетливост на ладно и топло,  оштетувања на мекото ткиво и сл. кои се најчесто од минлив карактер.  Оштетувањата на ткивото најчесто се јавуваат заради неправилно адаптирана лажица за белење која во овие препарати не е индивидуално изработена за секој пациент.  

Професионално белење

Професионалното белење  се врши под надзор на стоматолог и е главно базирано на карбамид пероксид или водороден пероксид. Може да се изведува во ординациски услови и да даде инстант резултат (и до 9 нијанси избелување во една посета) и е популарно наречено in office белење или ординациско белење. Процедурата во ЕТЕРНАдент трае околу час и половина и се изведува со Lumibrite системот на DenMat, California засилен со специјалното светло Sapphire light. Тоа е систем кој гарантира БЕЗБЕДНОСТ, БРЗ РЕЗУЛТАТ И НУЛА ОСЕТЛИВОСТ !

Другиот тип на професионалното белење е домашното белење. За оваа техника се користат специјално изработени лажици за белење, индивидуално за секој пациент и професионални гелови за белење кои се со пониска концентрација од оние кои ги користиме за ординациското белење. За да постигнеме вистински побел ефект со овој систем потребна е малку поголема упорност и примена на овој систем неколку дена по ред.

     

ШТО ТРЕБА ДА ЗЕМЕТЕ ПРЕДВИД ПРЕД ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ?

1. Сеуште НЕ ПОСТОИ трајно белење на забите. Доколку сакате да ја одржувате белата нијанса на вашите заби – потребно е белењето да го повторувате на 2-3 месеци во домашни услови. Ординациското белење не се препорачува да се повторува почесто од  еднаш  годишно.  LUMINEERS се вистинска опција за добивање на трајно побели заби без стругање на истите!

2. Доколку имате коронка во предната регија или некоја поголема  пломба, таа нема да избели заедно со забите. Во тој случај таа треба да се замени со нова коронка/ пломба која ке одговара на новата нијанса на вашите заби. Во овој случај би требало да знаете дека со враќањето на вашата природна боја, коронката повторно ке останува посветла, така што домашно одржување на белата нијанса е неопходно. Доколку имате сосема природни заби во предната регија, одржувањето на бојата не е неопходно да се врши толку често  затоа што забитенема да двојат по боја едни од други.

3. Луѓето кои имаат ерозии, пукнатини на забите и големи , но „попуштени“ пломби често страдаат од болка после белењето!   Задолжителна консултација со лиценциран стоматолог пред почеток со белење.

4. Белењето е естетска процедура и доаѓа во обзир кога непцата се сосема санирани, а пациентот има усвоено правилна и ефикасна техника за орална хигиена.

ЗАКЛУЧОК : Американската дентална асоцијација советува  пред било каква употреба на производ за белење на забите да се консултирате сосвојот стоматолог. Ова е посебно  важно кај луѓето кои имаат големи пломби, коронки и екстремно темни флеки. Темелен преглед, изведен од лиценциран стоматолог, е неопходен за да сеодреди дали белењето е соодветен третман за еден пациент. Стоматологот и пациентот заедно ќе го одредат најсоодветниот третман, а потоа стоматологот може да го супервизира процесот и да советува за употребата на средства за белење во контекст на еден сеопфатен и соодветно распореден план на терапија.
   

ЛАСЕРСКО РЕКОНТУРИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА (непцата)

Некои пациенти се смеат со таканаречена висока насмевка или gumмy smile. Притоа откриваат голем дел од непцата и тоа ја нарушува естетиката на насмевката. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи во ЕТЕРНАдент го користиме Er:Yag ласерот ( Syneron lite touch) кој ни овозможува безболно да ја воспоставиме симетријата на таканаречената розево-бела естетика.  Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура,  најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење.  Ласерот е супер прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата.  


Обратете се на докторот во ЕТЕРНАдент за повеќе информации!

ЛАСЕРСКО ДЕПИГМЕНТИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА

Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во  непцата и тие изгледаат модрикаво потемни. Кај оние луќе кои се смеат со откривање на непцата (висока насмевка) тоа изгледа прилично неестестки . Моќниот Er:Yag laser ни овозможува да ги отстраниме овие пигментации брзо и безболно во само една посета.

Закажете термин за консултација со докторот од ЕТЕРНАдент уште денеска.

ПОРЦЕЛАНСКИ ФАСЕТИ

Порцеланските фасети се тенки, но цврсти рачно изработени порцелански лушпи кои се цементираат на предната страна на забите со цел да креираат прекрасна насмевка. Вашиот естетски стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе направи темелна анализа и мерењена лицевата и виличната симетрија  пред да ги дизајнира вашите фасети. Детално ќе поразговара со вас за вашата перцепција за идеална насмевка и тогаш ќе ја реализира со помош на тимот.

Вашите нови фасети треба да се вклопуваат во целокупната лицева естетика, давајќи природен изглед и постигнувајќи израмнување на забниот лак. Сите пациенти после оваа процедура изјавуваат дека нивната самодоверба е драматично поголема како резултат на убавата насмевка.

Како изгледа целата постапка?  Постапката за поставување фасети вклучува две до три посети. Вашиот стоматолог ќе ви прикаже низа на „пред и потоа“  фотографии за да ви ги доближи можните резултати од оваа процедура.

После темелната анализа, направените студио модели, фотографии и дискусија со пациентот околу неговите очекувања и желби за корекција на изгледот на забите, следува првата фаза. Оваа посета е најдолга и претставува подготовка на забите за фасети, со минимално одземање на дел од тврдата забна супстанца (предната површина на забите)  и отпечатување на состојбата со специјални високо прецизни силиконски маси за отпечатување.  Веднаш се поставуваат привремени фасетки со кои пациентот излегува од ординација без потреба било кој да забележи дека минува низ процес на средување на предните заби. Во меѓувреме, со заштитните фасетки можете нормално да функционирате, тие имаат природен изглед и ја спречуваат осетливоста на забите. Најчесто втората посета е и последна, кога готовите фасетки ги цементираме врз забите и ги адаптираме во функција и загриз. Во ЕТЕРНАдент следиме специјален протокол за цементирање со кој ги заштитуваме забите под фасетите и постигнуваме траен успех и естетика.  Понекогаш кога имаме поголема трансформација како предизвик, на фасетите им е потребна корекција, можно е да има потреба од трета посета кога ги добиваме назад со дефинитивните корекции. Високата естетика и прецизност бараат темелно вложување од целиот тим и времето на изработката на фасетите најчесто трае 7-10 дена.

Порцеланските фасети доколку немаат соодветно пасување врз природните заби после кратко време резултираат со неатрактивна насмевка и заболени, зацрвенети и воспалени непца.

Направете естетска евалуација на насмевката во ЕТЕРНАдент, закажете термин на 02-3091-470.


LUMINEERS

LUMINEERS се брендиран производ, тоа се фасети кои се произведуваат само од патентран CERINATE порцелан од лиценцирана LUMINEERS лабораторија! LUMINEERS се единствените естетски фасети кои се поддржани со 30 годишни клинички студии и покажале 100% успех!

Прочитајте повеќе за LUMINEERS... 




КОМПОЗИТНИ ФАСЕТИ

Во желбата да излеземе во пресрет на барањата на пациентот за висока естетика, без да се преоптовари неговиот буџет, во некои случаи имаме можност помали корекции на забите да изведеме со таканаречените композитни фасети. И оваа процедура се работи по посебен протокол кој овозможува трајност и висока естетика на фасетите, без воопшто состругување на осетливата забна супстанца. Успешниот резултат го добиваме кај случаи кои се индицирани за ваква  реконструкција. Тука имате можност да погледнете неколку случаи решени со оваа метода.  Побарајте бесплатна консултација во ЕТЕРНАдент 02/3091-470, заедно ќе одредите која метода е најсоодветна за вашиот случај!
     

ЕСТЕТСКА РЕСТАВРАТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

Модерните стоматолошки материјали во комбинација со знаењето и вештините на нашиот тим, ни овозможуваат да креираме прекрасни насмевки со едноставно менување на старите пломби со нови. Во ЕТЕРНАдент ги користиме последните генерации на реставративни материјали кои во исто време ни гарантираат висока естетика, транспарентност, природен изглед и издржливост на притисок и голема трајнст без попуштање на механичките особини на материјалот.

ПОРЦЕЛАНСКИ ИНЛЕИ И ОНЛЕИ

Порцеланските инлеи и онлеи се високо естетска алтернатива за композитните – бели пломби. Тие имаат многу висока отпорност на притисок и се одлично решение за бочни големи пломби. Инлеите и онлеите реставрираат големи оштетувања на тврдата забна супстанца особено во бочната регија кадешто џвакопритисокот е доста голем. За разлика од коронките, за инлеите не е потребно дополнително состругување на забот за да се постават, туку само се отстранува оштетениот дел.

Се изработуваат од порцелан, истиот материјал кој се користи за изработка на мостови и коронки, а бојата им е прилагодена на природната боја на вашите заби и изгледаат како нив. Најголемата разлика меѓу класичните бели пломби и инлеите/онлеите е што за вторите е потребен специјален компјутерски процес на изработка во забната техника кој им дава екстремна отпорност на притисок при џвакање и трајност, притоа постигнувајќи врвен естетски ефект.