Протетика

КОРОНКИ И МОСТОВИ

Коронките се користат за целосно покривање како "капа" врз оштетениот заб. Покрај зајакнувањето на оштетените заби, коронките може да се изработат со цел да се подобри сопствениот изглед, форма или големина на забалото. Коронките, исто така, можат да бидат поставени над имплантот  за да се обезбеди формата на забот и функцијата во иднина. Порцеланските или керамички коронки можат идеално да ја имитираат бојата на вашите природни заби. Постојат и материјали кои вклучуваат скапоцени или не скапоцени метални легури, акрилат и керамика. Овие легури обично се посилни од порцеланот и може слободно да се препорачаат за изработка на заби. Порцелан врз метален скелет често се користи поради тоа што има цврстина и воедно естетски задоволува. За повисока естетика во предната регија од забниот лак, ние обично ги препорачуваме коронките изработени во целост од порцелан, кои најблиску го доловуваат изгледот на Вашите природни заби.
Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент може да препорача изработка на коронка поради:
Изработки со големи пополнувања (големи пломби)
Заштита на слабите заби од фрактура
• Веќе настаната фрактура
Недостасуваат заби, па преостанатите се врзуваат во мост
Над дентален имплант
Заштита  по третман на коренските канали.

Што ќе ни заменат мостовите?
Мост може да се препорача доколку недостасува еден или повеќе заби. Празнините оставени кога недостасуваат заб/и може да предизвикаат ротирање на преостанатите заби или да се придвижат кон празните места, што резултира со лош и неправилен загриз. Нерамнотежата предизвикана од отсуство на некои заби, исто така, може да доведе до заболување на непцата и заболувања на виличниот т.е. темпоромандибуларниот зглоб (TMЗ).
Мостовите често пати се користат за да се замени еден или повеќе заби кои недостасуваат. Мостовите конструкции се фиксираат за природните заби или имплантите и го пополнуваат празниот простор во околината. Овие заби (кога се вградени импланти се означуваат како абатменти) се носачи на мостовата конструкција и служат како сидро за мостот. А забите кои недостасуваат и се заменуваат со вештачки изработки кои наликуваат на загубениот заб, се нарекуваат тело на мостот. Како и кај коронките, може да се избира материјалот од кој ќе се изработи мостот. Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент може да ви помогне да се одлучите кој вид на коронка/мост да го изберете, земајќи ги предвид локацијата на загубениот заб, неговата функција, естетските потреби и цената. Порцеланските мостови може да се исти со бојата на вашите природни заби.

Како се изработува коронка или мост?
Пред да може да се направи планираната коронка или мост, забот/забите мора да се намалат во големината, така што коронката или мостот правилно ќе се вклопат во забниот низ. По намалување на заб/ите, Вашиот стоматолог ќе земе отпечаток од новата состојба на забалото за да се обезбеди точен негатив врз кој ќе се изработи коронката односно мостот. Кај најновите типови на порцелан, можеме да ја одбереме точната нијанса од посакуваната боја, па дури и комбинацијата на повеќе бои за што ќе Ви помогне Вашиот стоматолог.

Врз база на овој отпечаток, во дентална лабораторија се изработува Вашата коронка/мост.  Привремена коронка или мост се поставува врз препарираните (намалени) заби кои се подготвуваат за фиксната конструкција, со што истите ќе се заштитат, а Вие во периодот додека се изработуваат дефинитивните коронки/мостови ќе можете во целост да јадете, џвакате и да се смеете. Кога дефинитвната коронка/мост е изработена, привремената коронка/мост се отстранува, а новата коронка/мост се цементира врз Вашите подготвени заби. 



Колку долго
траат коронките или мостовите?

Одредување на тоа колку долго ќе траат коронките е тешко да се изведе. Факторите на долговечноста вклучуваат:
• Материјалот (целосно златна наспроти порцеланска коронка врз метален скелет, порцелан фузиран кон неметална основа и целосно порцеланска коронка)
• Локацијата (преден заб наспроти заб од бочната регија)
• Колку од забната супстанца е останата по препарацијата за коронка
Оклузалните сили
• Хигиенските навики
За да го продолжите времетраењето на Вашите коронки/мостови, посоветувајте се со Вашиот стоматолог од ЕТЕРНАдент, кој ќе Ве упати како вистински да се грижите за нив.


ПОРЦЕЛАНСКИ ФАСЕТИ

Порцеланските фасети се тенки, но цврсти рачно изработени порцелански лушпи кои се цементираат на предната страна на забите со цел да креираат прекрасна насмевка. Вашиот естетски стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе направи темелна анализа и мерење на лицевата и виличната симетрија  пред да ги дизајнира вашите фасети. Детално ќе поразговара со вас за вашата перцепција за идеална насмевка и тогаш ќе ја реализира со помош на тимот.

Вашите нови фасети треба да се вклопуваат во целокупната лицева естетика, давајќи природен изглед и постигнувајќи израмнување на забниот лак. Сите пациенти после оваа процедура изјавуваат дека нивната самодоверба е драматично поголема како резултат на убавата насмевка.

Како изгледа целата постапка?  Постапката за поставување фасети вклучува две до три посети. Вашиот стоматолог ќе ви прикаже низа на „пред и потоа“  фотографии за да ви ги доближи можните резултати од оваа процедура.

После темелната анализа, направените студио модели, фотографии и дискусија со пациентот околу неговите очекувања и желби за корекција на изгледот на забите, следува првата фаза. Оваа посета е најдолга и претставува подготовка на забите за фасети, со минимално одземање на дел од тврдата забна супстанца (предната површина на забите)  и отпечатување на состојбата со специјални високо прецизни силиконски маси за отпечатување.  Веднаш се поставуваат привремени фасетки со кои пациентот излегува од ординација без потреба било кој да забележи дека минува низ процес на средување на предните заби. Во меѓувреме, со заштитните фасетки можете нормално да функционирате, тие имаат природен изглед и ја спречуваат осетливоста на забите. Најчесто втората посета е и последна, кога готовите фасетки ги цементираме врз забите и ги адаптираме во функција и загриз. Во ЕТЕРНАдент следиме специјален протокол за цементирање со кој ги заштитуваме забите под фасетите и постигнуваме траен успех и естетика.  Понекогаш кога имаме поголема трансформација како предизвик, на фасетите им е потребна корекција, можно е да има потреба од трета посета кога ги добиваме назад со дефинитивните корекции. Високата естетика и прецизност бараат темелно вложување од целиот тим и времето на изработката на фасетите најчесто трае 7-10 дена.

Порцеланските фасети доколку немаат соодветно пасување врз природните заби после кратко време резултираат со неатрактивна насмевка и заболени, зацрвенети и воспалени непца.

Направете естетска евалуација на насмевката во ЕТЕРНАдент, закажете термин на 02-3091-470.


LUMINEERS

LUMINEERS се брендиран производ, тоа се фасети кои се произведуваат само од патентран CERINATE порцелан од лиценцирана LUMINEERS лабораторија - DenMat во Калифорнија, САД! LUMINEERS се единствените естетски фасети кои се поддржани со 30 годишни клинички студии и покажале 100% успех!
Најголемата предност е што се изработуваат за само 2 посети, без стругање на забите, без употреба на анестезија и без болка!!!
LUMINEERS фасетите овозможуваат кога и да посакате, да побарате од Вашиот стоматолог да Ви ги демонтира (отстрани) од забите, а истите да бидат целосно неоштетени!!! 

Прочитајте повеќе за LUMINEERS...