Импланти

Доколку сте загрижени заради тоа што ви недостасува некој заб, доколку носите протези („вилици“) кои не се удобни или немате доволно заби за да се постави фиксен мост, зборувајте со вашиот стоматолог во ЕТЕРНА дент за опцијата импланти.

Денталните импланти се современ и ефикасен начин да се надополнат забите што недостасуваат и се дизајнирани така што ги имитираат вистинските заби. Тие се одлично долгорочно решение за реставрирање на вашата насмевка. Всушност развојот и употребата на имплантите е една од најголемите придобивки во стоматологијата во последите 40 години. Материјалите од кои се изработени импантите се главно базирани на титаниум и се сосема биокомпатибилни. Имплантите во суштина претставуваат замена за забниот корен и се поставуваат во коската за да бидат темел за идниот заб. 


Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, безболни, доготрајни и добра замена за нивните изгубени заби. Генарално постојат три фази во добивањето имплант:

· Откако стоматологот ќе направи темелен преглед и детална анализа на случајот и правилно ќе се испланира целата интервенција, првата фаза е хируршко поставување на имплантот. Со следење на едноставни препораки, постоперативниот период е безболен и без видлив оток.

· Следната фаза настапува кога имплантот ќе се  зацврсти во коската, односно кога ќе настапи таканаречената остеоинтеграција. Тоа всушност го прави имплантот цврст и стабилен на своето место во коската. Најчесто пациентот ќе треба да почека на дефинитвна реставрација неколку месеци додека импантот не се интегрира целосно, што е состојба иста како и пред да се имплантира. 

· Коската околу имплантот зараснува низ процес наречен остеоинтергација. Она што го прави имплантот толку цврст е коската која расте околу него и го зацврстува на неговото место. Остеоинтеграцијата трае и до неколку месеци и од тие причини фазата на оптоварување на имплантот со протетска конструкција ја изведуваме до крајот на овој процес. Во некои случаи докторот може да одлучи дека е безбедно веднаш да се постави финалната протетска реконструкција врз имплантот.

· Крајната фаза е поставување на заб врз имплантот. За секој изгубен заб врз имплантот ќе добиете индивидуално изработена порцеланска коронка, која според формата, бојата, големината и функцијата ќе соодветствува на природниот заб кој недостасува.  Изработката на финалната протетска реконструкција може да потрае 7-10 дена и за тоа време вашиот доктор во ЕТЕРНАдент ќе се погрижи да изработи привремена коронка/ мост/ протеза со цел да имате пристојна естетика и функција.

Хроничните болести, како дијабетес, леукемија можат да го попречат успешното зараснување на имплантот во коската. Пушачите, исто така не се добри кандидати за импланти. Употребата на тутун го успорува зараснувањето на коската околу имплантот.

Доколку сте заинтересирани за импланти, добра идеја е да разговарате со вашиот доктор во ЕТЕРНА дент темелно за индивидуалниот план на терапија за вашиот случај. Ако сте во добро општо здравје имплантите се одлична опција за надоместување на изгубените заби.  Пред да бидете закажани за имплант ќе поминете неколку средби на планирање и евалуација на состојбата со вашиот доктор во ЕТЕРНА дент.  

ЕТЕРНА дент има традиција на извонредни резултати во имплантологијата веќе многу години наназад чијшто стручен тим се состои од реномирани имплантолози.