Орална хирургија

Орално хируршките интервенции во ЕТЕРНА дент се одвиваат според специјални протоколи специфични за секоја интервенција, со цел пациентот да нема никакви постоперативни проблеми. Најголем дел од орално-хируршките интервенции ги вршиме ласерски, што овозможува моментално уништување на сите бактерии во работното поле, заздравување без оток или со минимален оток и без болка. Зараснувањето оди многу полесно и поедноставно за што сведочат нашите пациенти.

Еден од пририотетите во работењето ни е строгоста во почитувањето на протоколите за стерилизација,поради што сме горди на отсуството на постоперативни инфекции!

Најчести орално-хируршки интервенции се: вградување на импланти, вадење на импактирани (“заглавени“) заби –  најчесто умници, апикотомии, цистектомии, претпротетска хирургија, френулектомии и друго.

Апикотомија е интервенција во која треба да се отстрани воспалителен процес од коската заедно со врвот од коренот на расипаниот заб што го предизвикал процесот.Притоа од одлучувачка важност за успешноста на интервенцијата е претходно одлично изработен ендодонтски третман на истиот заб, добра хируршка техника на работа и соработката на пациентот. Во оваа интервенција вклучувањето на специјалниот ласер за орално-хируршки интервенции (Er:YAG ласерот) овозможува брзо и лесно зараснување на раната, без отоци и болка, како и многу поголема успешност на лекувањето.

Импактираните – заглавени осмици се најчестите заби што не можат да никнат и остануваат заглавени во коската правејќи проблеми како повремени јаки болки и отоци во таа регија. Тие се вадат хируршки, а во нашиот хируршки протокол за овие интервенции, пациентите минуваат со минимален постоперативен дискомфорт и брзо враќање на своето нормално функционирање.

Френулектомија е мала хируршка интервенција, која со помош на ласерот се изведува многу брзо и со минимална анестезија. Интервенцијата со ласер трае неколку минути, не се шие и нема конци, а пациентите немаат никаква болка ниту оток потоа, такашто уште веднаш по интервенцијата се враќаат на нормалните активности и обврски.