Ласерска терапија и хирургија

Ако се плашите од вибрациите и звукот при стругањето на забите, тогаш сте вистински кандидат за поправање на забите со ласер. Ласерот без допир со светлосен зрак го чисти кариесот и го поправа забот, а воедно и ја стерилизира површината на забот. Врз исчистениот заб се става естетска пломба од последната генерација материјали со врвен квалитет и максимален естетски ефект. Зависно од големината на дефектот, стоматологот можеби ќе ви понуди и алтернативно решение за поголема трајност на забот и реставарцијата (пр. Инлеј, онлеј, коронка и сл.)

Доколку се плашите од анестезија, тогаш исто така сте кандидат за поправање на забите со ласер, бидејќи при таа терапија најчесто не се чувствува болката како што е тоа случај при стругање на забите.

Ласерот е одлична алатка за децата исто така, затоа што тие се специјално осетливи на вибрациите од машината за стругање, додека ласерот го отстранува кариесот без болка и без анестезија. Исто така во случаи каде што е потребна подготовка на непцето (френулектомија) за ортодонтски третман кај разделени заби, со ласерот ја изведуваме оваа интервенција без скалпел, без конци, без шиење.




Кај пациенти со
gummy smile или кога при смеење се покажува голем дел од непцето, ласерот ни овозможува безболно реконтурирање на непцето, понекогаш и без воопшто анестезија. Постои точно одредена пропорција помеѓу белиот (забите) и розевиот (непцата) дел од естетиката на насмевката кој ни е одлична основа за сите естетски надоместоци кои во иднина би се правеле.  Со оваа процедура се постигнува пропорционалност и симетрија на непцата од двете страни и меѓу забите и непцата. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи во ЕТЕРНАдент  користиме две различни бранови должини и два екстремно прецизни ласери:  Er:Yag ласерот и Nd:Yag ласерот (Fotona Fidelis III™ и Syneron LiteTouch™) кои ни овозможуваат безболно да ја воспоставиме симетријата на таканаречената розево-бела естетика.  Некои луѓе пак, кои се смеат со откривање на непцата (висока насмевка) тоа изгледа прилично неестестки. Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура,  најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење.  Ласерот е извонредно прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата. 

Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во  непцата и тие изгледаат модрикаво потемни. Моќниот Er:Yag laser ни овозможува да ги отстраниме овие пигментации брзо и безболно во само една посета.





 

До сега во нашата ординација се извршени над 5000 ласерски интервенции кои неизмерно придонесуваат во здравјето и изгледот на сите наши услуги.

Во ЕТЕРНА дент работат врвни професионалци во оваа област. Нашиот тим на доктори е лидер во оваа област и е интернационално препознаен во Европа и Азија.

Зa повеќе информации обратете се на докторот во ЕТЕРНАдент!

Иднината на стоматологијата лежи во ласерската стоматологија, посетете не и ке се уверите во тоа! Закажете термин за консултација со докторот од ЕТЕРНАдент уште денеска!

 

ЛАСЕРСКО РЕКОНТУРИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА (непцата)

Некои пациенти се смеат со таканаречена висока насмевка или ''gummy smile''. Притоа откриваат голем дел од непцата и тоа ја нарушува естетиката на насмевката. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи во ЕТЕРНАдент го користиме Er:Yag ласерот ( Syneron lite touch) кој ни овозможува безболно да ја воспоставиме симетријата на таканаречената розево-бела естетика.  Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура,  најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење. Ласерот е супер прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата.  

 
Обратете се на докторот во ЕТЕРНАдент за повеќе информации!

ФРЕНУЛЕКТОМИЈА 

Френектомија (исто така познат како френулектомија, френулотомија или френотомија) е отстранување на ткивна ресичка (дупликатура од слузокожа) чија основна цел е да го ограничува движењето на соодветниот орган. Тоа може да се однесува на повеќе места во човечкото тело. Поимот се поврзува со френулопластика, хируршко засекување на френулумот. Најчесто се изведува за ортодонтски цели, и кога френектомијата се изведува за ресекција на ресичката во средината на горната усна, тогаш се нарекува лабијална френектомија, или под јазикот, наречена лингвална френектомија. Френектомија е многу честа стоматолошка процедура, а се врши и кај децата и кај возрасните.


Постојат неколку френулуми за кои се изведуваат посебни типови на френектомија:

Генитална френектомија
 може да се врши за отстранување френулум кај гениталиите
Лингвална френектомија (на јазикот), како третман за анкилоглосија
Лабијална френектомија (на усна) е многу честа кај пациенти кои се подготвуваат за изработка на протези, со цел да се добие поголема површина како лежиште за протезите; или кај пациенти кои имаат ниско поставено или задебелено ткиво во делот на горната усна и предизвикува рецесија на непцата (нивно соголување) или формира дијастема помеѓу предните заби означени како централни секачи.


ЛАСЕРСКО ДЕПИГМЕНТИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА

Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во  непцата и тие изгледаат модрикаво потемни. Кај оние луќе кои се смеат со откривање на непцата (висока насмевка) тоа изгледа прилично неестестки . Моќниот Er:Yag laser ни овозможува да ги отстраниме овие пигментации брзо и безболно во само една посета.

Закажете термин за консултација со докторот од ЕТЕРНАдент уште денес.