Нашето портфолио

Препораки

Katerina Andreeva,USA

Dr. Bobi I Dr.Ana, Vi blagodaram sto izdvoivte vreme za mojot trinedelen prestoj vo Skopje da napravite biseri od moite zabi i da mi ja vratite nasmevkata na liceto. Vie ste najdobri i vi blagodaram od se srce. I was always insecure about my smile and what people would say about my teeth. Thankfully I was introduced to Dr. Bobi micevski,Dr. Ana Bundalevska and his staff i am now open to smiling in pictures and showing off my wonderful teeth, thank you for all you guys have done for me! Katerina Andreeva,USA

Georgios Z. Athens, Greece

 I am writing to express my gratitude and satisfaction for the professional service i had at your dental clinic.Eternadent offers high professionalism and excellent attitude towards clients. Dr. Ana Bundalevska is in high professional level and very kind person. I had to do many many works in my mouth . It was amazing the way of working, especially the very short time of completing this big job. But the most exciting for me was the way of aproaching . It was human, every step of every procedure was carefully and fully explained to me before action , offering high level services, full communication and help. Offices of clinic are modern and comfortable.I could say that all the staff of the clinic and especially Dr Ana Bundalevska are creating an enviroment of TRUST.Of course I have recommended you to friends.Finally i would like to thank all the staff of Eternadent especially my doctor Dr Ana Bundalevska for a really high level servises provided to me and for the excellent maner they had.

Биџовска Мими

Се практикува одличен третман кон пациентите од сите вработени. Пoдготвени се за предизвик заедно со пациентите да дојдат до посакуваните резултати.Во ординацијата се чувствува пријатна атмосфера. Долго време размилував за совршена насмевка,која тие ми ја овозможија. Откако ја добив посакуваната насмевка која отсекогаш ја посакував се чуствувам самоуверено и почесто се смеам и пресреќна сум.- Му благодарам на целиот тим посебно на мојот тим Др.Даниела Стојчева Цветановска и Др. Мицевски Боби кои се погрижија целиот мој третман да помине беспрекорно ! Ординација од светски ранг, препорачувам на секого. По стоматолошките прегледи, кај мене е утврдена потреба од вградување на вештачки корен таканаречен имплант. Јас ја избрав вашата устанва заради тоа што наидов на тим со голем позитивен пристап, голема професионална соработка и одлични стоматолошки услуги. Кај мене беа изведени две операции за изградување на 4 имланти. Имплатнациите беа изведени со локална анестезија, истата што се употребува за поправка или вадење на заб, и добив впечаток како да се изведува едноставен зафат. По престанокот на анестезијата истиот ден, како и сите наредни денови не осетив никаква болка, нити пак други тегоби. Можам да кажам дека интервенциите беа изведени строго професионално, во поглед на тимот, опремата и услугите воопшто, и за мене ова беше единствено и безболно решение за мојот проблем со забите. Можам да кажам дека ЕТЕРНА ДЕНТ има изградено современ концепт во стоматологијата, индивидуален пристап превенција и сеопфатност во третманот. По завршување на третманот останав со чуство на сигурност за моето здравје и полна доверба во тимот професионалци на ЕТЕРНА ДЕНТ кои беа достапни во секое време за мене.Голема благодарност до Др Даниела Цветановска Стојчева и Др Боби Мицевски и целиот тим за што направија за мене.

Анчевска Лидија

Најголема благодарност до Етерна Дент за целокупната добиена услуга и професионализам. Бескрајно сум благодарна до целиот стручен тим предводен од Проф. Др Ана Миновска, мојот личен стоматолог Др. Мицевски Боби млад и перспективен по чија препорака дојдов во оваа стоматолошка ординација, посебна благодарност и до ,,мојата докторка,, Др Даниела Стојчева Цветановска и нејзините златни раце , до Др Ана Бундалевска ,,милата моја,, докторка со прекрасна насмевка која влева доверба и целиот останат тим од доктори млади професионалци и ентузијасти Др Бруно Николовски и Др Ивана Кежаровска и вредните асистенти секогаш услужливи и насмеани сестра Сандра, Нина и Маги.Секако тука е и Менџерката Душанка Велкоска за која можам да кажам дека е многу коректна,одмерена и професионална. Целиот мој третман започна пред повеќе од година дена , јас дојдов по препорака на Др Боби Мицевски кој познавајќи го мојот проблем со забалото и оралното здравје ми препорача да се нафатам на ова патешествие кое беше долго ,но резултатот е инзвонреден. Јас имав преголем страв од поставување на импланти, меѓутоа таа интевенција помина безболно брзо и професионално и на секого топло му го препорачувам без двоумење, посебна благодарност до имплантологот Др Даниела Стојчева Цветановска која беспрекорно ја изведе целата интервенција и целиот тим кој е секогаш насмеан и зрачи со позитивна енергија.Јас сум навистина пријатно изненадена и воодушевена од сите услуги кои ги добив и уживам сега со насмевка од ,, million dollars ,, Во оваа ординација мене ми беа извршени голем број на стоматолошки интервенции.Најпрвин го решивме најголемиот проблем кој со години го имав, тоа е пародонтален третман и лекување на пародонтопатија која вклучување ласерски третман на непцата и обработки. Потоа се изврши целосна протетска и конзервативна рехабилитација на целото забало со корекција на сите горни и долни заби со нови порцелански протетски изработки, и секако на крај белење на забите и изработка на порцелански фасети на предните заби. Исто така ми беа извршени и проверки на оралната лигавица со Велскоп апаратот со што добив посебна терапија за лихенот кој со години ми претсавуваше проблем. Моето искуство беше одлично , бескрајно сум благодарна и нема доволно зборови да го опишам моето задоволство . Од Целиот тим на Етерна Дент научив многу за како да се грижам и да го зачувам моето орално здравје, и на секого му го препорачувам искрено. Ви благодарам за мојата совршена нова насмевка и за се што направивте за мене.Според мене Етерна Дент е еден од најдобрите центри за орално здравје во нашата земја, центар во кој постои одличен тим,професионалност и квалитет. Ви Благодарам Етерна Дент Тим, цел живот ке бидете дел од мене, Ве Сакам и обожавам, благодарам што сега можам постојано да бидам насмеана.

Никола С. (33), Скопје

Би сакал да ја изразам мојата благодарност и задоволство од професионалната услуга што ја добив во вашата ординација. Сo леснотија ги поминав сите третмани од првиот до последниот.
Ви благодарам за врвната професионална нега која ми ја пруживте за време на реставративниот и естетскиот третман. Импресиониран сум од неверојатното внимание посветено на најситни детали што резултираше со совршен резултат и прекрасна Луминеерс насмевка.
Голема благодарност до целиот тим, задоволство е што ве познавам!

Виолета Д. (50 years) Скопје

И покрај тоа што речиси цел живот одев кај стоматолози, веројатно поради несоодветни третмани многу рано ги загубив речиси сите заби. Сакав да добијам фиксни мостови но иако за тоа немаше услови, од стоматолозите во ЕТЕРНАдент добив информации за имплантите како можно решение. Се одлучув да ја направам таа интервенција бидејќи ме одушеви младиот и стручен тим. Во ЕТЕРНА дент добив 8 импланти пред една година. Интервенцијата траеше по 30 минути за имплант и се сработи во две посети. По престанокот на анестезијата и покрај мојот страв, не осетив никаква болка, а болка немав ниту утредента по операцијата, ниту пак наредните денови.
Сега, откако ги имам мостовите, со нив џвакам како со свои заби и чувството, за разлика од порано, е супер, а овој третман кој го добив во ЕТЕРНАдент им го препорачувам на сите пациенти на кои им се потребни импланти.

Трајко А. (45 год.) Гевгелија

Во ЕТЕРНАдент дојдов по препорака, за да ги средам забите и да видам како може да се реши просторот кај забите што ми се извадени. Темелно ми беа објаснети сите можности, а јас одбрав да ми стават импланти. Пред повеќе од една година ми вградија два импланти, ги добив во иста операција која траеше еден час, а при тоа немав никаква болка. Ниту следните денови немав никаква болка, ниту оток, иако мислев дека нешто такво би било природно. Со коронките кои ги добив врз имплантите џвакам како со свои заби и немам никакви проблеми.
Во ЕТЕРНА дент всушност добив комплетен третман на моите заби: импланти, нови мостови, инлеј и сo што ми беше потребно за тие да бидат здрави и санирани, а оттогаш доаѓам само на редовното чистење на забите.

Е.И. (58 год.) Струга

Во ЕТЕРНА дент дојдов со намера да добијам целосно решение за моите заби. Отсекогаш сакав да добијам убава и бела насмевка, но секогаш добивав делумни решенија. Во оваа ординација наидов на пријатен амбиент, модерна технологија и професионален персонал, кој ретко се наоѓа! Кај нив преовладува прецизност и професионалност, компоненти кои ги посакува секој пациент.
Најважно ми е што си ја остварив желбата, ја имам насмевката што ја посакував и знам дека имам Центар кој ќе се грижи таа да остане трајно убава и здрава.