Статистичките истражувања покажале дека најголем број од луѓето кои имаат запуштени заби, всушност страдаат од страв од болка.
Едноставниот одговор на прашањето е: да, постои безболна стоматологија! Со откривањето на новокаин-от како локален анестетик, скоро сите интервенции се практично безболни. Од тогаш до денес, фармацевтската индустрија многу брзо се развива и постојат безброј безбедни техники за обезболување на местото на интервенција. Потпрете се на Вашиот стоматолог во ЕТЕРНАдент, тој ќе примени анестезија секогаш и само кога е потребно, за непријатноста на стоматолошките интервенции да се сведе на минимум.
Во продолжение можете да прочитате за тоа како да ја намалите нервозата (анксиозноста) која й претходи на посетата на стоматолог.
Справување со стравот од „забар”.
Постоеја времиња кога посетата на „забар” беше ситуација опасна по живот. Не само што ќе Ви беше истрижена косата, избричена брадата, забот изваден, туку можеше да бидете вмешани и во улична пукотница. Звучи возбудливо?! За жал вака сė уште се чувствуваат многу луѓе во врска со посетата на забар! Современите истржувања
покажуваат дека дури 50% од популацијата во САД не ја добиваат адекватната стоматолошка заштита, во најголем број случаи како резултат на стравот и чувството на несигурност на забарската столица. За разлика од Док Холидеј и Дивиот Запад, денешните стоматолози нема да Ви ја потстрижуваат косата. Тие се обучуваат и специјализираат во областа на забите и се „опремени” со модерни и софистицирани инструменти за безбедно и пријатно третирање на потребите на пациентите. Денеска пиштолот и виски-то на Док Холидеј се заменети со најмодерна дентална технологија. Значи што можете да сторите за пружањето на стоматолошката нега да го направиме полесно? Според изучувачите на однесувањето на луѓето, стоматолошките посети можат да бидат помалку стресни доколку се придржувате до следниве упатства:
• Одбегнувајте кофеин најмалку 6 часа пред стоматолошката
посета. Тоа ќе ја намали Вашата анксиозност
• Внесувањето храна богата со протеини (како сирењето на пр.) еден час пред посетата може многу да придонесе во Вашето смирување.Храната богата со шеќери придонесува за поголемо вознемирување, додека протеинската храна има смирувачки ефект.
• Фокусирајте се на Вашето дишење. Дишете ритмички, длабоко и бавно. Обидете се да правите паузи меѓу секое вдишување и издишување. Луѓето кои поприрода се нервозни имаат тенденција да го задржуваат здивот, што го намалува концентрацијата на кислород и уште повеќе го зголемува нивото на паника.
• На крајот, договорете се со својот стоматолог за посебен знак кој ќе значи дека сакате да направите пауза во работата. Споделете со Вашиот доктор кои аспекти од посетата на забар Ви буди најголеми стравувања. Доколку тоа е звукот на машината – кажете го тоа. Едноставното кажување на стравот не секогаш води до отстранување на причината, но во голема мерка ја намалува анксиозноста. Во денешно време впрочем постојат високо усовршени машини, кои се скоро беззвучни. За некои од нас седнувањето на забарската столица и чувството на губиток на контролата на ситуацијата е нешто што најмногу нė вознемирува. Одберете го стоматологот кој ќе Ви дозволи да имате контрола врз столицата, кој ќе Ве едуцира до таа мерка да можете да го следите текот на Вашиот третман и пред кој слободно ќе можете да манифестирате страв и
непријатност без да бидете засрамени. Зборувајте со Вашиот иден стоматолог и доколку се чувствувате слободно да му кажете за вашиот страв, најверојатно не би имале проблем да работите со него.