Нашиот тим

Нашиот тим

За да овозможи​ ВИСОКО ОРГАНИЗИРАНА И ПРОФЕСИОНАЛНА УСЛУГА тимот на ЕТЕРНАдент функционира како една целина составена од доктори-стоматолози, кои активно се усовршуваат во полињата на денталната естетика, пародонтологија и имплантологија, консултанти специјалисти од различни области на стоматологијата, сестрана помош од нашите асистенти, администратор и менаџер, предводени од проф. д-р Ана Миновска, сопственик на Центарот за дентално здравје ЕТЕРНАдент. Препознатливи сме по пријателскиот однос, сеопфатната грижа за нашите пациенти, љубезноста и професионализмот. 
Затоа ПРИНЦИПИТЕ на кои се темели нашето секојдневие се следните:

Интегритет и постојаност
Бескомпромисен квалитет на услугите
Остварување на очекувањата на пациентите при одржување на нивното здравје
Подобрување на квалитетот наживот
Пресретнување на предизвиците...кај нас секој проблем го гледаме како нов предизвик
Градење на цврсти и етички меѓусебни односи, базирани на доверба и висока свесност.

 
Проф. д-р Ана Миновска 
Сопственик на центарот за дентално здравје ЕТЕРНАдент
Cпецијалист по болести на уста и пародонтот. Лидер во практицирање на ласерската стоматологија, посебно во решавање на комплексни пародонтални случаи. Проф. д-р Миновска е редовен професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев од Штип и меѓународен предавач за пародонтологија и ласерска стоматологија; член е на Советот на Балканската стоматолошка асоцијација (BaSS); активен член на Светската федерација за ласерска стоматологија; организатор и предавач на голем број врни едукативни настани од областа на стоматологијата (конгреси, симпозиуми , hands-on курсеви и др.) во и надвор од Македонија; оснивач на Македонското стоматолошко друштво и Здружението на стоматолози ЕТЕРНИТАС.
aminovska@eternadent.com.mk