Нашата филозофија

Нашата филозофија



 Здравите и убави заби значат добробит и квалитет на живот
, а нашиот концепт е ЗДРАВИ ЗАБИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ.

Секој пациент е исклучително важен и со своја индивидуална проблематика. Затоа одделуваме доволно време за откривање на проблемите и желбите на нашите пациенти. По стручната идентификација на затекнатата состојба, ги нудиме соодветните решенија, но и границата од која нема компромиси.

Целта ни е новиот пациент да го доведеме до состојба на здравје, да го обучиме како правилно да ја одржува таа состојба, за потоа на редовни контроли, согласно соодветниот протокол, да се откриваат и отстрануваат и најмалите проблеми кои во меѓувреме можат да настанат.

Тоа бара бескомпромисен квалитет во опремата, тимот и услугата, а ЕТЕРНА дент нуди современи концепски, технолошко-технички и хумани ресурси за рана дијагностика, безболна и навремена терапија и одржување на здравјето на забите со високо организирана и професионална услуга и врвен тим предводен од Проф. д-р Ана Миновска, пародонтолог и експерт во ласерската стоматологија со докажано искуство во областа.

Некои од техничките карактеристики на ЕТЕРНА дент се:

  • дигитална рентгенграфија, без зрачење;
  • сонда за рано откривање на карцином во устата
  • ласерски, најсовремен третман на пародонтопатија;
  • импланти – работиме со еден од петте најдобри имплантни системи во светот!!!
  • орално хируршки интервенции;
  • врвна естетика – со LUMINEERS ЛАМИНАТИ, БЕЗ СТРУГАЊЕ И БОЛКА!!! што воедно овозможува и трајно белење;
  • најмоќното професионално белење на забите;
  • при работата на корени на забите (при тн. „умртвување на забите) користиме апарат за максимално прецизно, дигитално лоцирање на врвот на корените;
  • лекување на пародонтопатија
  • пародонтална хирургија
  • протокол за хигиена во кој инструментите минуваат низ ултразвучно чистење, а по стерилизацијата специјално спакувани се отвораат непосредно пред работа со пациент (според АМЕРИКАНСКАТА ДЕНТАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА-АДА);
  • комплетната документација за пациентот - од првиот третман во ЕТЕРНА дент се водат во индивидуални досиеа со помош на професионален стоматолошки компјутерски софтвер;

Се работи безболно со најсовремени методи за обезболување на интервенциите;

Сите материјали во контакт со ткивата се исклучително безбедни и биостимулативни и во согласност со безбедносните стандарди на (ADA-Американската дентална асоцијација)

Во ЕТЕРНА дент, единствено во земјава, воведен е протоколот за индивидуална превенција, кој се изработува за секој пациент индивидуално. Успешноста на протоколот за индивидуална превенција се гледа во постигнувањето на извонредни параметри за орално здравје во земјите во кои се спроведува. Во тоа се состои и најголемата придобивка на долгогодишните пациенти на ЕТЕРНА дент, а тоа е подобрен квалитет на живот.

Сигурната насмевка има голем удел во успехот на приватен и деловен план на една личност, а наша задача е да направиме сé што е во наша можност Вашата насмевка од убава да ја претвориме во прекрасна!

 

Ваш,

Тимот на ЕТЕРНА дент